5 причини за да останете во врска со некој во кого не сте многу заљубени

На момците им е многу полесно и често практикуваат да влезат во врска со некоја по која сè уште ја немаат изгубено главата, не сечат вени и не се трескаат од земја, туку само добро се чувствуваат во нејзино друштво.

5-pricini-za-da-ostanete-vo-vrska-so-nekoj-vo-kogo-ne-ste-mnogu-zaljubeni-01

Стабилни се, расположени, ведри, таа им е драга, но пред сè сами со себе се чувствуваат пријатно и опуштено.

Страсната романса е едно, а врската која треба да потрае нешто сосема друго. Затоа постојат добри причини зошто да му дадете шанса и да останете во врска со момчето по кое сè уште ја немате изгубено главата.

1. Покрај него се чувствувате удобно во своја кожа

Не се обидуваш да ослабеш, не ти е непријатно да се појавиш пред него без шминка и тоа не затоа што тој те убедува дека му се допаѓаш како таква, туку затоа што сама на себе си се допаѓаш. Немаш потреба да се претставуваш и глумиш. Тоа е големо олеснување. Можеш да се опуштиш бидејќи не се грижиш каков впечаток ќе оставиш.


2. Среќна си на поинаков начин

Тоа чувство е мешавина од задоволство, топлина и благодарност. Не си во екстаза, но нема да бидеш ни разочарана. Не постои магија која подоцна ќе исчезне, бидејќи реалноста е доволно добра за добро и да се чувствуваш. Немаш преголеми очекувања, бидејќи не си заљубена до уши и многу пореално гледаш на работите, па соодветно можеш да реагираш.

5-pricini-za-da-ostanete-vo-vrska-so-nekoj-vo-kogo-ne-ste-mnogu-zaljubeni-3.jpg

3. Малку си заљубена, но можеш мирно да спиеш

Чувствуваш доволно топлина и симпатија за да ти биде сосема прифатлив, иако не фантазираш за тоа кога пак ќе се видите. Се радуваш на секоја средба, но кога ќе го завршиш денот и ќе си легнеш, не се чувствуваш вознемирено и возбудено, чекајќи побрзо да помине ноќта.


4. Не се прашуваш каде е и што прави

Воопшто не се загрижуваш каде би можел да биде кога не е со тебе. Можеш слободно да ја вршиш својата работа со полна концентрација, без воопшто да ти одлетуваат мислите. Се радуваш кога ќе ти се јави или кога ќе се видите, но нема нервоза, љубомора или патење.


5. Просторот меѓу вас ти дозволува да дишеш

Не чувствуваш некоја силна поврзаност која е колку телесна, толку и телепатска. Не сте неразделни и меѓу вас има доволно простор за секој да биде свој. Можеби те загрижува слободата во врска, но и тоа е можно, ако останеш во врска со момчето кое ти е пријатно, но ја немаш изгубено главата од заљубеност.

5-pricini-za-da-ostanete-vo-vrska-so-nekoj-vo-kogo-ne-ste-mnogu-zaljubeni-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава