Како да го натерате да ве запроси? Ова се приказни на жените кои успеале во тоа

Општо е познато дека на мажите им треба малку повеќе време за да разберат дека се подготвени за брак, па затоа понекогаш жените мораат да интервенираат.

kako-da-go-naterate-da-ve-zaprosi-ovie-zeni-raskazuvaat-kako-uspeale-vo-toa-01.jpg

Овие приказни се раскажани од жените кои успеале да ги убедат своите момчиња дека е време за судбоносно „да“:

1. Убиец на сексуалниот живот

„Еден ден сфатив дека мојот дечко се плаши од брак затоа што мисли дека тој ќе ни го убие сексуалниот живот. Не знам од каде ми дојде таа идеја, но почнав да му го докажувам спротивното и да изведувам чудни работи во кревет. На крајот ме запроси, изгледа се исплатеше.“


2. Секс во тројка како замена за брак

„До 24-та година бев фраерка за која бракот беше обична глупост, а потоа го запознав него. Излезе дека и тој не е тип за брак, па му ветив секс во тројка на 6 месеци дури и ако сме во брак. Запали.“


3. Детето ќе носи мое презиме

„Родителите на моето момче имаа гаден развод кој на него остави големи последици. Кога ми рече дека бракот не го интересира, се изнервирав затоа што сакав деца. Аргументот со кој се послужив беше дека ако не сме во брак, децата ќе го носат моето презиме. Машкото его е навистина прекрасна, но ранлива работа.“


4. Секс на страна

„Бевме заедно 3 години и јас почувствував потреба за брак, додека тој не сакаше. За да го стимулирам, му реков дека може да спие со некоја непозната на секои 5 години. Секако, не го мислев тоа сериозно, па сега се мислам што ќе биде откако ќе ја прославиме петтата годишнина од брак.“


5. Згоден бивши како закана

„Мојот прв дечко беше неверојатно згоден со кој останав во добри односи. Кога сакав мојот сегашен сопруг да ме побара за жена, направив филм дека бившиот одоколу ми понудил брак ако го оставам него, но сум го одбила. Неколку месеци подоцна имав прстен на рака, но не од бившиот.“


6. Баба си ја заврши работата

„Доаѓам од семејство каде жените се силни и моќни, па одлучив мојата 96-годишна баба да си ја заврши работата. На еден ручек му се сврти на моето долгогодишно момче и му кажа: Се надевам дека мојата внука ќе се омажи пред да умрам. Ме запроси само 1 месец подоцна.“

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава