„Долго сте во врска, зошто не се венчате?“ Реченици кои ниту еден пар не сака да ги слушне

Луѓето не би сакале да признаат, но постои голем притисок над девојките кои се цврсто одлучени дека не сакаат да стапнат на лудиот камен и да ја озаконат врската со партнерот со кој можеби се и повеќе години.

dolgo-ste-vo-vrska-zoshto-ednostavno-ne-se-vencate-recenici-koi-parovite-ne-sakaat-da-gi-slushnat-01.jpg

Некои луѓе на бракот гледаат како на ограничување во слободното движење и преземање на одговорности за кои не се вистински подготвени.

Некои девојки едноставно не сакаат да живеат живот во кој секојдневно одат на работа, се враќаат дома, готват ручек, перат и пеглаат и повеќе би сакале да живеат сами.

Како и мажите, трпат голем притисок од најблиските и роднините за да стапат во брак, а постојат и реченици кои ако воопшто некогаш ги слушнат инстантно им одат на нерви и веројатно додатно ќе влијаат да кажат „Не“ на понудата за брак.

Ова се најчестите осуди и прашања со кои се сретнуваат оние кои се одлучиле да не стапат во брак:


1. Но, на секому му е потребен сопатник во животот

Да тоа е вистина дека на секому му е потребен сопатник во животот, но може да постојат и повеќе „партнери“ во кои се вклучени и најблиските пријатели. Така може да постои еден сексуален партнер, пријатели за пиење кафе, другарки за вечерно излегување, па дури и миленикот кој дава безгранична љубов.

Затоа што некој се одлучил да не се венча тоа не значи дека е сам и осамен и дека нема никаков социјален живот.


2. Долго сте во врска, зошто едноставно не се венчате?

На оваа критика без исклучок се изложени сите парови на кои не им е потребно парче хартија за да имаат доказ на вечна љубов и емоционална сигурност. И на крајот што ако некој го потпише тој лист хартија? Дали тој е воопшто сигурност и гаранција за добриот и среќен брак?

Не, а и ако рационално се согледаат работите, венчавките прилично материјално ги трошат како самиот пар, така и најблиските за само еден лист хартија кој за младоженците воопшто нема никакво значење.

Венчавката за нив е само добар изговор каде голем број на речиси непознати луѓе ќе јадат и пијат на нивна сметка.

dolgo-ste-vo-vrska-zoshto-ednostavno-ne-se-vencate-recenici-koi-parovite-ne-sakaat-da-gi-slushnat-1.jpg

3. На децата потребни им се двајца родители

Вонбрачните деца во нашето општество најчесто претставуваат најголем срам и прилика за осуда на „делото“ кое се случило без било каква брачна и емоционална сигурност.

Тоа не значи дека детето ќе биде запоставено. Впрочем во некои ситуации и околности и таквиот начин на одгледување и воспитување на детето може да биде добра можност за развој.

Особено ако станува збор за пар кој не се согласува и каде постојат расправии. Зошто детето да ги слуша расправиите на родителите и да се фрустрира?


4. Зарем немаш желба да облечеш венчаница додека си млада?

Да сосема е точно дека секое мало девојче сонува за принцот на белиот коњ и прекрасниот фустан кој ќе го носи на тој посебен и најважен ден од животот. Но, како растеме и созреваме сфаќањата се менуваат. Младите девојки и жени свесни се за одговорностите и обврските кои доаѓаат со бракот.

Зошто мора некој да ги презема тие одговорности ако е сигурен дека не е способен?

dolgo-ste-vo-vrska-zoshto-ednostavno-ne-se-vencate-recenici-koi-parovite-ne-sakaat-da-gi-slushnat-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава