Постојат ли сродни души?

Некогаш во твојот свет некој е далеку на неколку дена... И иако имаш еден куп луѓе околу тебе кои те сакаат, секогаш се тука за друштво, тебе пак светот ти е празен. Има моменти кога неговото отсуство станува сѐ поприсутно, го чувствуваш во воздухот, секоја работа те потсетува на него. Мислиш дека го заменуваш вниманието кое може да го имаш од десетици мажи за (не)вниманието на еден. И воопшто не ти е криво заради тоа. И пак и пак, само еден во мислите.

postojat-li-srodni-dusi-001.jpg

Да, тој во никој случај не е совршен, само поради фактот што е човек, но тој е совршен за тебе, совршено се вклопува во твојот свет, совршено ја пополнува секоја празнина со насмевка. Можеш да сонуваш, да мечтаеш, да си легнуваш, да се будиш наутро, да го пиеш првото кафе, да ручаш, но сметаш колку сите тие твои дневни и секојдневни активности би изгледале подобри ако ги споделуваш токму со него...

Ми се наметнува прашањето, верувате ли во постоењето на сродна душа? Каква треба да биде таа? Да ја гледате и да се видите себеси во машка верзија на пример?  Или? Можеби треба да е сосема спротивен на Вас? Минус и плус! Чувствуваш ли како ти се забрзува пулсот секогаш кога ќе помислиш дека можеби ТОЈ е твојата сродна душа?

Ги обожавам исцрпните дебати за разликите меѓу двата пола, што можат тие, а не можеме ние и обратно.. Или муабети од типот мажите се од Марс, жените се од Венера.. Ах, и мажите и жените сме од Земјата, помирете се со тој факт.

Но, најмногу оние за некојаси постоечка или не, сродна душа... Секое капаче си има свое тенџерче... Ако некогаш само на момент почувствувате пеперутки, ако некогаш само на момент почувствувате дека се топите во негова прегратка, ако мислите дека е љубов, ако мислите дека е токму тој оној вистинскиот, не оставајте на игра на случајности... Земете ги конците в рака и напред.

Пенкалото во рака и напишете ја најубавата љубовна приказна, затоа што убаво е кога ќе видиш двајца млади да се држат за рака и во нивните очи да има сјај, но нема поубава глетка од двајца старци кои и после се, кои и после се што поминале се уште се држат за рака и ИМААТ СЈАЈ ВО ОЧИТЕ.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава