5 знаци дека сте ја преболеле старата врска и сте подготвени за нова

По болното раскинување и враќањето на статусот сингл, следува желбата за започнување на нова врска. Меѓутоа, поентата е да го дочекате вистинскиот момент за тоа.

5-znaci-deka-ste-ja-prebolele-starata-vrska-i-ste-podgotveni-za-nova-1.jpg

Со помош на овие 5 знаци уште денес можете да откриете дали сте подготвени за нова љубовна врска или само сакате да му/и се одмаздите н бившиот/та.

1. Веќе не сте му/и лути

Заборавивте, без да си држите лутина на душата? Помислата дека утре ќе го/ја сретнете низ град не ви претставува непријатно чувство, ниту пак се мислите како ќе постапите? На добар пат сте.


2. Веќе не го/ја спомнувате додека зборувате со пријателите

„Никогаш не би го направил/а ова“ или „Никогаш не се грижеше за ова“ и ред други слични реченици веќе не би требало да се слушаат од вашата уста. Нема подобар знак од премолчувањето дека навистина сте ја преболиле претходната врска.


3. Добро ви е кога сте сами

Дури и кога ќе излезете сами, среќни сте кога ќе се вратите изморени од танцување и смеење, а не од кавги и плачење. Всушност, полека сфаќате дека многу сте посреќни откако сте без него/неа.


4. Знаете што сакате

Овде се работи за тоа дали сте свесни колку вредите и колку ви се реални стандардите. Со други зборови, не се залажувате и не се согласувате на помалку од она што заслужувате само за да не бидете сами подолго време.


5. Завршивте со очекувањата

Веќе не сте разочарани и се ослободувате од она грозно чувство на постојано чекање. Оптимисти сте дека ќе најдете добар партнер, но сега барем завршивте со очекувањето дека некој треба да ве направи целосни.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава