Зошто мажите сè поретко им приоѓаат на жените?

Се работи за една студена војна која започна неодамна. Како и во секоја, и тука страните си ги мерат силите и го чекаат погрешниот чекор на противникот. Сепак, непријателите во оваа војна не можат едни без други. Се работи за мажите и жените.

zosto-mazite-se-poretko-im-priogaat-na-zenite-01.jpg

Машко-женските односи никогаш не биле позатегнати. Момците и девојките седат на две поделени страни, наоружани со паметни телефони, додека непријателот го одмеруваат под темните очила за сонце.

„Нашите девојки се недостапни и бараат премногу. Имаат високи критериуми и потценувачки став“, се жалат момците.

Тука се сложуваат сите од машката страна кои тврдат дека дури и кога ќе се осмелат да и пријдат на некоја девојка, таа дрско ќе ги одбие.

Девојките пак, се жалат дека испраќаат сигнали во празно, а дека момците кои им приоѓаат сепак се премногу агресивни.

И додека топката се подава од една на друга страна, статусот останува непроменет. Никој не крева бело знаме.

Дали денес некој знае што значи флерт? Какво значење има заведувањето? Зошто никој на никого не приоѓа? Во што е проблемот?

Постарите генерации збунето ја набљудуваат младината, забележувајќи еден огромен парадокс - некогаш и покрај помалата слобода и друштвените граници, мажите знаеле како да се додворуваат, а девојките како да испратат вистински сигнал во вистински момент.

Дел од одговорот лежи токму тука - во претераната индивидуалност и егоцентризмот за модерниот човек.

Романтиката си бара време и желба, а се додека се однесуваме како кралеви и кралици, како сонце околу кое се врти целиот свет, ништо не добиваме. Премалку даваме, а очекуваме премногу за возврат.

Се помалку има и безопасен флерт. Оној кој го опишуваме како умствен сексуален однос.

Безопасниот флерт подразбира сексуална заинтересираност која се искажува индиректно, двосмислено, со игра, со многу размислување и хумор.

Сето тоа убаво звучи, но денес се поставува прашањето - како?

Не користете зборови. Мажите не се многу вешти со нив, а и да се, жените ретко веруваат на зборови.

Мажот би требало да биде свесен за својот идентитет, да се освести. Ако не се познаваш себеси, не можеш ни на жената да и пренесеш „со кого си има работа“.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава