Карактеристики кои жената за долготрајна врска треба да ги има

Можеби прв избор е физичкиот изглед или некоја останата приоритетна точка при изборот на девојка, но дали таа врска може да трае долго или ќе биде осудена на пропаст? Од што зависи долготрајноста на една врска?

karakteristiki-koi-ja-pravat-seriozna-kandidatka-za-dolgotrajna-vrska-01.jpg

Секако, одговорот лежи во карактеристиките на двете личности кои се во тој љубовен однос. Можеби ќе се запрашате тогаш што е она што треба да го барам во една девојка?

Ако сте подготвени за долга врска и посакувате да ја најдете вистинската партнерка за овој подвиг, таа потребно е да ги има овие карактеристики:


1. Способна е да се грижи за себе

Тоа значи дека ќе може да се грижи и за вас, но треба да имате на ум дека никој не сака да биде дадилка во врската. Тоа значи дека потребна ви е независна девојка која ќе може да се потпре на вас, онака како што вие ќе можете на неа.

Независноста е една карактеристика која може да предизвика недоверба кај несигурните мажи, но само таа карактеристика кај девојката може да ви каже дека можете да сметате на неа и да имате доверба. Нејзе не и треба контрола и надзор.


2. Интелигенција

Физичката привлечност и страста секако дека влијаат при изборот на партнерката, но тие не се единствениот приоритет по кој треба да се водите, ако сакате долготрајна врска.

И интелигенцијата знае да биде секси, бидејќи така ќе имате предизвик и само така ќе можете да добиете од врската и пријателство и разбирање.

karakteristiki-koi-ja-pravat-seriozna-kandidatka-za-dolgotrajna-vrska-1.jpg

3. Сексуалност и привлечност

Како што веќе е поменато, овие аспекти секако дека имаат важност, но се наоѓаат на трето место. Во врската има поважни работи од сексот, но неопходно е да постои физичка привлечност.


4. Почитување

Неопходна состојка на сите долготрајни врски и взаемното почитување, така што потребно да бидете сигурни дека таа ве сака и почитува.

Не станува збор за тоа вашиот збор секогаш да биде последен и да ги задоволува сите ваши потреби, туку да го зема предвид вашето мислење и тогаш кога не се согласува со него и не и се допаѓа.

Само така ќе се научите на здрави компромиси кои ќе ја одржат врската.


5. Покрај неа се чувствувате како маж

Ова е прилично суптилна работа која не може едноставно да се дефинира, но во главно подразбира да бидете свои покрај неа и да можете слободно да се изразувате.

На крај станува збор и за она внатрешно чувство кое ќе го имате кога сте покрај неа.

karakteristiki-koi-ja-pravat-seriozna-kandidatka-za-dolgotrajna-vrska-2.jpg

6. Ве прави подобар човек

Само личноста која ја цените и која се држи до своите вредности може да ви помогне и да ги подигнете и вашите стандарди и да ја пробуди вашата потреба да бидете подобри, поуспешни.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава