6 работи кои ќе се случат ако му се вратите на бившиот

Иако вашите пријатели ве предупредуваа да не му се враќате, едноставно не можевте против себе и своето срце?

6-raboti-koi-ke-se-slucat-ako-mu-se-vratite-na-bivsiot-1.jpg

Можеби моментално сте задоволни и среќни, но треба да бидете свесни дека секое обновување на старата врска е проследено со овие 6 ситуации:

1. Не очекувајте дека пријателите автоматски ќе ве поддржат

Досега 100 пати виделе како се однесувал со вас и ви биле рамо за плачење кога се разделувавте. Затоа, не очекувајте дека ќе бидат пресреќни што сето тоа сте го заборавиле. Ако ви се пријатели ќе бидат покрај вас, но не очекувајте да ве поддржат.


2. Сите ќе имаат мислење

Помалку позитивни, а повеќе негативни. Дури и ако никогаш не ви го кажат тоа гласно, знајте дека никогаш нема да застанат во одбрана на вашата врска.


3. Ќе имате многу прашања за одговарање

Што? Кога? Како се случи? Ова се само дел од прашањата кои околината ќе ви ги постави. Но, очекувајте истите тие прашања да бидат и тема на трач. Единствен лек е да се насмевнете, да кимнете со главата и да продолжите. На никој не мора да му давате објаснување ако не сакате.


4. Ќе ги одбиете мажите на кои сте им се допаѓале

Тоа што сте решиле да се смирите со бившиот, автоматски ги оттурнува од вас потенцијалните партнери на кои сте им се допаѓале. Измешаните сигнали од типот „немам расчистено со минатото“ не се привлечни за никој.


5. Ќе се најдете во непријатни ситуации

Ќе има и ситуации кога ќе налетате на луѓето со кои лудувавте додека бевте одвоени од партнерот, па затоа внимавајте. Останете мирни, колку и да е стресна и непристојна ситуацијата.


6. Не очекувајте дека се променил

Времето може да се промени, но луѓето не баш. Можеби ќе бидете изненадени од ситните промени во првите неколку недели, за потоа да сфатите дека се е онака како што оставивте. Бидете сигурни дека сте подготвени да го прифатите тоа.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава