4 работи заради кои вашето момче се чувствува несигурно

Самодовербата игра голема улога во една врска. Не станува збор за самобендисаност, туку за здрава самодоверба која е потребна за секоја врска да успее.

4-raboti-zaradi-koi-vasheto-momche-se-chuvstvuva-nesigurno-no-nikogash-nema-da-vi-gi-kazhe-01.jpg

Луѓето кои немаат самодоверба често патат од несигурност во врската. Доколку вашето момче се почувствува несигурно, вие можете да му помогнете, но само доколку тој сака да се соочи со проблемот.

1. Загрижен е бидејќи мисли дека не е доволно добар за вас

Тој сака да ви угоди. Ако момчето почувствува дека не може да ви угоди кај него се појавува сомнеж и несигурност. Ова се однесува и на несигурноста кај него дека и во сексот не е доволно добар.


2. Се плаши дека ќе ве изгуби

Несигурноста на партнерот води и кон друг страв дека може да ве изгуби и дека можеби имате некој друг. Од оваа точка тој може да отиде во два правци - да стане пасивен и неодлучен, или да сака сè да контролира и да е посесивен.


3. Нему потајно му е потребно ваше одобрување и помош

Психолозите кажуваат дека паралелно со несигурноста доаѓа и зависноста од вашето одобрување за неговиот изглед. Ако тој нема добро мислење за себе, најверојатно е дека вас ќе ве обвини за тоа.


4. Ѓаволски се плаши од своите емоции

Вообичаено, како што момчињата растат ги учат да не чувствуваат, да се дистанцираат од своите емоции. „Мажите не плачат“! – познато, зар не?

Тој е несигурен да ги покаже своите емоции дури и кон вас. Тој не знае што да прави со своите емоции бидејќи постојано ги потиснувал. Како резултат на ова тој нема ниту со вашите чувства да може да се справи. Наместо да го признае тоа, тој ги крие своите емоции и ги негира вашите, па дури кога и искрено сака да биде поврзан со вас.

За да ги надмине своите несигурности, личноста прво мора да ги прифати.

Ова значи дека себеси треба да си ја кажете вистината за себе, а потоа да ја споделите со некој друг.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава