4 сигурни знаци дека треба моментално да ја прекинете врската

По неколку месеци врска и љубовни моменти, следи логичното прашање: Каде води ова? Ако го помислите или добиете одговорот „не знам,“ тогаш внимателно размислете.

4-sigurni-znaci-deka-treba-momentalno-da-ja-prekinete-vrskata-01.jpg

Потрошеното време не можете да го вратите, ниту пак спомените, па ако лошата врска на време ја спречите да стане уште полоша, ќе се заштитите само себеси.

Затоа ако се препознаете во барем една од овие 4 потточки, време е да кажете „чао!“

1. Се чувствувате осамено иако сте во врска

Има ли полошо чувство од тоа да се чувствувате осамено, и тоа со партнер покрај вас? проблемот е во тоа што тој ви дава само трошки, па со текот на времето вие учите да се задоволите со нив. Тој станува како дрога која уништува, но истовремено е потребна за да преживеете. Постојано се надевате дека ситуацијата ќе се промени, но вистината е поинаква. Осаменоста не се лечи лесно, а тоа е доволен знак кој ви укажува дека нешто не е во ред.


2. Ја губите самодовербата

Кога добивате само малку време и внимание, често се прашувате дали проблемот е во вас. Со тек на време тоа преиспитување ви ја менува и намалува самодовербата. И секогаш вие сте оние кои го извлекуваат „подебелиот крај.“


3. Немате планови за во иднина

Ако после некое време сфатите дека никогаш нема да го имате она што го сакате или едноставно тој нема планови за иднината, престанете да си го губите времето. Љубовта без иднина значи дека истата е само еднострана.


4. Не оставате место за Вистинскиот, затоа што се борите за погрешниот

Кога целата своја енергија ја насочувате на мажот кој не ве задоволува психички и физички, а продолжувате да се гледате со него, ја затворате можноста да се појави Вистинскиот. Важно е на време да поставите граница, до кога ќе толерирате, а од кога ќе почнете да се борите само за себе. Ако навистина сакате да пронајдете љубов, не си го трошете времето на „поправање“ на веќе уништените врски.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава