Мажите никогаш не ја оставаат жената која...

„Најди жена која прави да се чувствуваш поживо. Не мора да е совршена, но ќе ти го направи животот поинтересен. И таква сакај ја со целото твое битие“ – Гејл Ропер

mazite-nikogash-ne-ja-ostavaat-zenata-koja-001.jpg

Многу одамна кога сè уште бев нова во светот на мажите, чув некој како кажа дека мажите не ги оставаат своите жени за некоја посексапилна дама, туку за некоја која е поинтересна.

Ова е доста широка генерализација.

Вистина е дека мажите често знаат да ги напуштат своите жени за помлади девојки кои се згодни и попривлечни. Вистина е дека љубовта е испреплетена и никогаш не знаеш што да очекуваш.

Но, како што созревав и имав можност во текот на животот да ги набљудувам врските и секако да имам лично искуство со нив, сфатив едно нешто – мажите навистина се во потрага по поинтересни жени...

Мажите се во потрага по некоја жена која знае колку вреди и која се води од своите лични ставови. Мажите се љубопитни. Тие сакаат да насетат жена чиј мирис е знак за нејзината самодоверба.

Еве неколку работи кои ги научив од мажите, околу тоа што ја прави една жена интересна:


1. Жена која знае што сака и не се плаши да се изрази

Одамна поминаа  деновите кога жените беа принудени да молчат. Разговорите денес не се само околу успесите на мажите. Секој маж кој вреди да го имате покрај себе ќе сака да го слушне вашето мислење.

И не станува збор за оној тип на интелигенција кој е исполнет со сарказам, туку оној каде жената умее на елегантен начин да го пренесе своето знаење. Токму овие разговори се основа за искрени и отворени разговори, а и за градење на цврст однос меѓу мажот и жената.


2. Жена која се чувствува удобно во сопствената кожа

Мажите сакаат жена која знае што точно е и која не се срами тоа да го покаже.

Вие сте работеле напорно за да се изградите во онаа личност која денес сте и нема потреба да се плашите да ја покажете вашата внатрешна моќ. Овде не станува збор за некаква гордост или суета кои отворено ги покажувате, туку за тивко прикажување на вашата есенција.

Дозволете вашата уникатност да говори за вас, а не вашите зборови.


3. Жена која ги негува сопствените интереси

Мојот партнер и јас сме тотално различни личности. Ретко патуваме заедно, имаме различни музички вкусови и секако различни професии, а сепак заедно функционираме совршено.

Како?

Тој добро знае дека јас морам да одам по својот пат, без разлика на тоа колку имам потреба да бидам со него. Не е важно што немаме заеднички интереси, важно е што знаеме како да се поддржиме без разлика на различностите.

Негувајте ја вашата љубопитност.


4. Жена која знае како да прифати и даде комплимент

Имам пријателка која многу се срами кога ќе добие некаков комплимент. Таа е екстремно привлечна жена. Таа е паметна и итра. Но, никогаш во животот не можеше да прифати комплимент и ниту еден од нејзините дотогашни партнери не можеше да го разбере тоа.

Таа беше сето тоа што го добиваше како комплимент, но самата не веруваше во тоа. Воопшто не беше убедена. Но, ова звучи разочарувачки за мажите. Комплиментот е како подарок, а некој навистина умее да фрустрира ако одново и одново го одбива вашиот подарок.


5. Жена која знае да се грижи за себеси

Ова подразбира да се грижи за себеси во секоја смисла.

Кога се делиме себеси на делови кои се помалку или повеќе привлечни и едните се обидуваме да ги сокриеме, го губиме деликатниот баланс на тоа што значи да се биде човек. Што значи да се биде совршен со сопствените несовршености.

Имав можност да набљудувам две жени.

И двете беа со природна убавина. И двете беа одлични на своето професионално поле.

Едната постојано оди на фитнес, сама оди на шопинг и општо сака да се грижи за својот изглед, а другата е одлучна да покаже дека изгледот ништо не значи.

Не го прави тоа затоа што нема време, или затоа што не знае како да го направи тоа, туку едноставно поради својата одлучност да добие признание од својот сопруг дека навистина изгледот ништо не значи.

Дека тој ќе ја сака без разлика на тоа како таа изгледа.

Но, тој го загуби интересот во неа.

Таа постојано се жали дека тој гледа по други жени и искрено и признава дека го има изгубено интересот, токму поради неговото чудење како некои жени се обидуваат да изгледаат попривлечно.

И кога го наведувам ова, не мислам на тоа дека жената треба постојано да биде облечена во високи потпетици и сексапилна облека, кога тој ќе се врати од работа, туку едноставно дека мажот ќе биде заинтересиран во вас сè додека и вие сте самите заинтересирани за себеси.

Би можело да ве интересира:

Кои се најдобрите секс пози, во зависност од надареноста на партнерот? (18+) Многумина сметаат дека мажите што се надарени се среќни, но тоа не е така, затоа...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Секс поза „пајак“ – со бавни движења доведете ја партнерката до лудило (18+) Секс позата „пајак“ е одлична за сите оние што сакаат интимниот чин да трае подо...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg