Писмо до мојата поранешна девојка: Среќен сум што не ме задржа...

Драга личност која некогаш нешто значеше,

pismo-do-mojata-poranesna-devojka-01.jpg

Ти пишувам за да ти се заблагодарам за твојата неспособност да ги забележиш неверојатните делови на мојата сакана личност.

Ти благодарам што беше недоволна, плашлива и скршена.

Не можам да ги пронајдам вистинските зборови за да ти кажам колку сум среќен што ти не успеа да ме задржиш.

Да бидам јасен: Не мислам дека си лоша личност. Сигурен сум дека си добра, но едноставно не можеше да се посветиш, барем не онака како што мене ми требаше да се посветиш.

Оваа е посебна.

Таа е како ниту една друга личност која сум ја сретнал досега - со нејзината чудна смисла за хумор, со дамките на рамениците направени од сонцето, нејзината насмевка која ја осветлува секоја соба.

Ти благодарам уште еднаш. Мило ми е што си замина за да можам да ја пронајдам неа и да ја освојам.

Ќе ти кажам една тајна.

Не би требало да го кажам ова, бидејќи сè уште не сум и кажал на неа, но ќе се венчам со неа.

Го гледам одговорот „Да“ во нејзините очи. Таму е веќе некое време, исто како што прашањето стои на врвот на моите усни.

Подготвен сум вечно да бидам со неа.

Искрено,

Нејзината сегашност и иднина

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава