7 реченици освен „Те сакам“ кои партнерот треба да ги слушне

Кажувањето те сакам е важно, но има и други работи кои сака да ги чуе од вас.

7-raboti-osven-Te-sakam-shto-partnerot-treba-da-gi-slushne-01.jpg

Споделувајќи ги чувствата со него градите посилна, поздрава врска која се заснова на љубов, верба и почит.

Кажувајте му ги и овие работи на вашиот партнер:

Ти можеш

Еден од темелите за здрава врска е можноста да си верувате меѓусебно. Зборовите со кои ја зајакнувате неговата самодоверба помагаат да се зацврстат и односите меѓу вас. Не постои подобра работа на светот отколку онаа дека тој кој што го сакате - верува во вас.


Баш си згоден

Кога сте во сериозна врска најчесто велите „Те сакам“, но понекогаш е убаво ова Те сакам да го замените со „Убав си и згоден“ – ќе ја освежите врската и ќе го изненадите и него.


Се гордеам со тебе

Кога ќе му се случуваат работи за кои тој е навистина инспириран и возбуден, но за жал исходот нема да е позитивен, секогаш бидете тука за да му кажете дека сте горди на него. Тоа ќе му помогне да сфати дека не е сè во искачувањето на целта, туку во самиот обид.


Ајде да излеземе на состанок

Лошата страна на долгите врски е тоа што по некое време работите стануваат рутина. Па, добро е да од време на време да внесувате свежина така што ќе го изненадите партнерот со спонтан состанок... Макар и тоа да биде кино или театар, било што може да внесе свежина.


Те почитувам

Многу врски завршиле затоа што еден од партнерите се чувствувал потценето. Осигурајте се дека вашиот партнер знае колку вие го почитувате и кажувајте колку ви значи. Секој сака да знае дека е ценет!


Те поддржувам

Понекогаш може да се случи да биде премногу ангажиран во кариерата, а вам тоа да не ви се допаѓа. Важно е да му кажете како стојат работите, но без разлика на сè, дека што и да одлучи вие го подржувате.


Извини

Овој збор може да ги реши сите купови со проблеми. Понекогаш треба да ја проголтате гордоста и да кажете извини. Долготрајните врски се засноваат на компромис и разбирање.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава