За каква жена фантазира еден маж?

Што значи кога тој фантазира за актерка, манекенка или порно-актерка? Верувале или не, психолозите тврдат дека тоа открива многу за машката психологија.

za-kakva-zena-fantazira-eden-maz-01.jpg

Сексуалните фантазии, всушност, секогаш имаат скриено значење. Токму затоа, сите мажи во спалната соба се возбудуваат од различни активности. Покрај психата, спомените од детството исто така влијаат на сексуалните фантазии, а психолозите се обидуваат да толкуваат што тие говорат за личноста.

Доминантна жена

Ако тој фантазира за доминантна жена, што ќе го има главниот збор во креветот, тогаш веројатно бил најмало дете во семејството и имал барем една постара сестра. Овие мажи обично бараат постари жени кои во нивните очи делуваат моќно, силно и сексапилно.


Манекенка или актерка

Неговата интензивна желба да се зближи со вистинска убавица, најчесто говори дека тој има нарцисоидни особини. Овие мажи најчесто жените ги доживуваат како трофеи, а не како партнери за блискост и нежност.


Порно актерка

Психолозите тврдат дека мажите што фантазираат за порно актерки или за стриптизети, најчесто имаат проблем со интимноста и со блиските врски. Добриот секс во врската значи дека партнерите треба меѓусебно добро да се познаваат. Некои мажи повеќе сакаат тоа да го прескокнат, а најчесто тоа е поради стравот дека нема добро да се покажат.


Алфа жена

Мажите што фантазираат за алфа жени се класичен пример на проектирање на детските трауми од минатото, сметаат психолозите. Проекциите во односот меѓу партнерите не се невообичаени, но исто така се знак за нездрав однос. На пример, ако мажот пораснал во семејство во кое желбата за пари била срамна, тој ќе сонува за жена што е многу успешна и добро заработува.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава