Прашања кои треба да си ги одговорите пред да започнете сериозна врска

Мора да бидете искрени пред себе. Кога започнувате нешто ново мора да се запрашате дали врската е навистина она што го сакате.

prashanja-so-koi-morate-da-bidete-na-chisto-pred-da-vlezete-vo-seriozna-vrska-001.jpg

Работите ќе се изградат на нестабилна површина, ако вие самите не го сакате она што го правите или не сте сигурни за истото.

Пред да влезете во врска задолжително поставете си ги овие прашања и расчистете со себеси:

Дали се чувствувам опуштено да разговарам со мојот партнер?

Ако не можете искрено и отворено да разговарате со вашиот партнер тогаш нешто не е во ред. Или е до вашиот однос или вие не се чувствувате среќно.


Дали имам нерасчистени сметки со минатото?

Често им се навраќаме на бившите (без да го сфатиме тоа), па започнуваме да се состануваме со некого само за да ја покриеме раната од минатото.

Многу е подобро да признаете дека некој ви недостасува отколку уште повеќе да ги „зезнете“ работите со избегнување на фактите.

Нормално е да ви недостасуваат луѓето од минатото, но поради тоа не треба да страдаат луѓето кои се во сегашноста и кои може да бидат во вашата иднина.


Дали подеднакво давате и примате?

Дали сте оној кој се труди или имате чувство како постојано тој/таа да се грижи за вас? Најдобро е да го одржите балансот помеѓу двете.


Дали сум си себеси приоритет?

Понекогаш забораваме да си го поставиме ова прашање. Треба да веруваме во љубовта и да се жртвуваме за неа. Но, застанете за момент. Врската се состои од двајца партнери, едниот од нив сте ВИЕ. Мора да се чувствувате среќно и исполнето за да функционира врската.


Дали имаме слични цели?

Ова не значи дека мора за сè да се сложувате. Вие сте различни личности и ве интересираат различни работи, но би било супер ако се согласувате за големите работи.


Дали би бил/а во ред и сам/а?

Знаеме ова е тешка помисла. Кога сте заљубени не сакате да помислувате како би било без саканата личност, но ако се случи тоа знаете дека животот не завршува.

Има еден куп работи кои можете да ги правите сами. Размислете зошто вие потребна толку таа личност, дали ви е потребна емоционална поддршка од неа? 

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава