Се лажам дека сум среќна

se-lazam-deka-sum-srekjna-01.jpg

Се лажам дека сум среќна.

Глумам насмевки.

Ама оние што ме знаат како дишам,

препознаваат дека сум го изгубила

сјајот во очите.

Се лажам дека сум среќна.

Дека ми е добро без тебе.

Совршено добро.

А, плачам во секое ќоше

кога останувам сама со себе.

Се лажам дека сум среќна.

Дека знам јас како без тебе.

Знам јас и сама.

А, навечер,

кога во постелата

ќе се стуткам ко фетус

знам дека не можам сама.

не сум толку силна како што изгледам.

Кршлива сум...

Како скап порцелан

кој и најмал удар ќе го парчоса.

Се лажам дека од утре ќе биде подобро.

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава