Знаци кои алармираат дека врската ви е нестабилна

Секој од нас копнее да биде во здрава и стабилна врска, но многумина остануваат во лоши врски поради страв да не останат сами или поради надеж дека работите ќе се променат на подобро.

znaci-koi-alarmiraat-deka-vrskata-vi-e-nestabilna-001.jpg

Ако сте имале стабилна врска, многу полесно ќе го препознаете неквалитетниот однос во врската, но доколку и претходните врски ви биле лоши, тогаш е вистинско време да обрнете внимание на знаците кои можат да ве предупредат дека градите нездрав однос.

1. Чести обвинувања

Ако некој во врската постојано бара причини за обвинувања на другиот, тогаш тоа воопшто не е квалитетен однос, ниту пак таа врска може да има напредок. Треба да запаметите дека не може секогаш истата личност да биде дежурен виновник.


2. Избегнување на вистината

Можеби не го лажете партнерот за тоа каде сте биле и со кого, но можеби несвесно одбегнувате да ја кажете целата вистина и само површно разговарате на таа тема. Иако не треба сè да му кажувате, подобро е да градите отворена и искрена комуникација.


3. Недостаток на комуникација

Дали понекогаш сте имале моменти кога со часови сте седеле во иста просторија со партнерот без да си размените збор? Тоа воопшто не е добро, бидејќи комуникацијата е основата во секоја врска и ситуација, па дури и тогаш кога постојат проблеми.


4. Ги земате работите „здраво за готово“

Еден од најјасните знаци дека сте во нездрав однос е кога го сфаќате партнерот „здраво за готово“. Всушност, малите работи можат да му наштетат на односот и да направат да почувствувате горчина во некои ситуации.


5. Недостаток на доверба

Дали сметате дека во вашата врска има недостаток на меѓусебна доверба, посебно кога едниот од вас оди некаде без другиот?  Дали му ги проверувате мејловите, пораките и повиците? Овие знаци први укажуваат на неквалитетен однос.


6. Навреди

Дали имате чувство дека постојано треба да се браните од неговите коментирања? Во секоја врска има недоразбирања и кавги, но доколку постојано водите битка дури и за најмалите работи, тогаш нешто навистина не е во ред. Треба да запаметите дека добрите денови ги надминуваат лошите, а не обратно.


7. Социјална изолација

Кога целосно се изолирате од семејството и пријателите, тоа укажува дека врската не оди во посакуваниот правец. Секому се потребни пријателите и семејството, на секој му е добредојдено и второто мислење за одредени ситуации, а не само мислењето на партнерот.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава