Сè за ерекцијата: Првата ерекција може да се случи уште пред детето да се роди

Постојат голем број на информации и факти кои ги знаеме за машката ерекција, но постојат и неколку тајни кои дури ни најдобриот пријател во доверба не би ви ги кажал.

se-za-erekcijata-10-raboti-koi-nitu-najdobriot-prijatel-nema-da-vi-gi-priznae-01.jpg

Ова се само 10 работи кои сигурно не сте ги знаеле за машката ерекција и може да ве зачудат дури и ако сте маж:

1. Првата ерекција може да се случи и пред детето да е родено

На медицинската сликичка од ултразвук некои мајки и татковци имале можност да ја видат првата ерекција на бебето. Гениталиите почнуваат да се развиваат во 6-та недела од бременоста, па ерекцијата во стомакот на мајката не е ништо неочекувано.


2. Постојат 3 вида ерекција

Психогена, рефлексна и ноќна ерекција. Првата се случува по визуелно стимулирање или после бујна фантазија, втората се случува исклучиво преку физички контакт, додека третата, ноќната, е чиста природа.


3. Колку ерекции доживува еден маж во една ноќ?

Секој здрав маж во текот на ноќта доживува 3 до 5 ерекции. А во текот на денот тој број се зголемува и до 11.


4. Мажите може да постигнат ерекција и по смртта

Не е мит, туку вистина. Ако мажот почине во стоечка положба, пенисот може да заврши со ерекција. Затоа што срцето веќе не пумпа крв рамномерно, гравитацијата ја привлекува кон нозете, па дел завршува и во ткивото на пенисот. Морбидно, но вистинито.


5. Просечната големина на пенисот во ерекција е...

Од 12 до 14 сантиметри, покажале истражувањата на 1661 маж. Меѓутоа, факт е и дека големината зависи од начинот на кој е постигната ерекцијата. Половиот орган е секогаш поголем за време на секс, отколку кога е стимулиран.

se-za-erekcijata-10-raboti-koi-nitu-najdobriot-prijatel-nema-da-vi-gi-priznae-02.jpg

6. Ерекција предизвикана од мирис

Мирисот на бонбони, чоколади и крофни може да предизвика ерекција кај некои мажи. Дури 32% од мажите  позитивно реагирале на овие мириси, додека 40% добиле ерекција од мирис на лаванда и пита од јаболка.


7. Пенис без коски

За разлика од повеќето цицачи мажјаци, мажите немаат никакви коски во половиот орган. Сите останати имаат, затоа што тие им помагаат да ја контролираат ејакулацијата.


8. Ерекција која трае бесконечно

За жал, постои и таква состојба и се нарекува приапизам. И не, не е така забавно како што звучи затоа што долгите ерекции се болни.


9. Пенисот има облик на бумеранг

Благодарение на еден научник кој наговорил група жени и мажи да имаат секс во магнетна резонанца, денес со сигурност знаеме дека пенисот има облик на бумеранг.


10. Не е сè во големината

Клише реченица, но докажано е дека малите пениси имаат поголема можност за проширување. Поточно, оние кои во „нормална“ состојба делуваат под просекот, во ерекција може да бидат натпросечни.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава