Господинот „seen“

Сите сме имале по еден таков во својот живот. Господинот „seen“ во денешно време - човекот кој дава сè за да биде со нас, а потоа како земјата да го проголтала.

gospodinot-seen-01.jpg

После ветувањата за заедничка иднина, олтари и имиња за деца, не се јавува на ниеден повик.

Сè беше прекрасно, се запознавме во блиското кафуле и од прва ни тргна муабетот. Си ги разменивме броевите, излегувавме често и после некоја недела, како волшебникот од Оз да влегол во нашата врска, го снема.

Не знам каде е, не знам што прави, не знам со кој е, само едно знам, дека сум полна со прашања без одговор! Недореченост... така можам да го опишам нашиот однос.

Остана нешто недоречено помеѓу нас. Не знам каде згрешив, ни дали згрешив. Можеби премногу го притискав или не? Имаше слобода да прави што сака, никогаш не спомнав прстени и олтари, напротив тој ги инсистираше тие теми.

Можеби не му се допаѓаше мојот парфем? Смешки... од бунило веќе не знам како да го оправдам.

Го нема и низ градот, не можам да отидам ни кај него на работа, ни кај него дома. Иако сум била.

Што ќе им речам на колегите на господинот „seen“? Здраво, јас сум... која сум... можеби десетици ги однесол на работа...

И ќе ѕвонам неколку пати, не се јавува... понекогаш ќе напишам некоја порака во доцните часови... нема одговор.

И ќе се одлучам да му пишам на Фејсбук, ајде последна шанса... и пораката е видена и неоговорена.

Што можам да помислам друго, освен дека не сака ништо да знае за мене.

Се плашам, да не му се случило нешто лошо, да не е болен, да не отпатувал некаде... Па и да се врати, што после овај вакуум од некоја недела, без никакво објаснување, никаква најава, а толку многу убави моменти и планови.

И ќе кажам, готово е, ја бришам секоја мисла за него. Бришам сè што е негово, не ме заслужува... но, пак нешто ме влече. Ах таа недореченост...

gospodinot-seen-1.jpg

Се прашувам дали некогаш ќе ни се вкрстат патиштата, дали ќе се видиме очи во очи, кога погледите нема да можат да се свртат на страна, дали ќе ми каже само едно здраво, или ќе ме прегрне најсилно на свет.

И да се видиме, можеби ќе е предоцна, можеби веќе ќе бидам со некој друг, кој има став, нема туку така да избега и да се исплаши од мене.

Но, зошто би се плашел? Да не покажав емоција која не требаше, да не покажав премногу? Што и да е, веќе не е вредно за разговор, веќе никој не знае што да ми каже. Го нема, ме нема, ќе се изборам, само се плашам...

Што ако повторно се појави некој господин од тој калибар? Дали ќе го откријам или повторно ќе влезам во замката на недореченото?

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава