Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 мисли кои им поминуваат низ главата на момчињата кога забележуваат девојка

Кога момчињата ќе забележат некоја девојка на улица која ќе им го одвлече вниманието една од работите која прва им паѓа на памет е за што размислува девојката. А, потоа следуваат мислите како дали и таа гледа во нив, дали е слободна или не, дали би излегла на состанок со некој како нив...

10-misli-koi-im-pominuvaat-niz-glava-na-mom-iwata-koga-zabele-uvaat-devojka-01.jpg

Момчињата многу ретко признаваат што сè им се врти во главата при првите средби и состаноци, бидејќи сметаат дека на тој начин премногу ја откриваат својата нежна страна.

Најчесто глумат дека поседуваат огромна самодоверба и не се плашат да пристапат на која било девојка со цел да не им се уништи сликата за фамозниот „мачомен“.

Сепак, сакале тие да признаат или не, во 90% од случаите тие се толку збунети и исплашени од одбивање, што најчесто или одвај изустуваат неколку збора или пак зборуваат премногу, најчесто за глупости, со цел совладување на тремата.

Така да, следниот пат кога ќе забележите како некое момче ве набљудува, бидете сигурни дека ова се работите кои ми поминуваат низ главата:

1. Дали ако и пристапам ќе ми даде шанса да зборувам со неа или веднаш ќе ме откачи?

Тие го проценуваат одговорот на ова прашање врз основа на вашиот поглед, начинот на кој се движите како и вашиот став.


2. Дали гледа во мене? Или во типот зад мене, или во зградата или во излогот?

Момчињата се обидуваат да уловат некаков позитивен знак кој ќе им даде до знаење дека се забележани.


3. Што носи под облеката?

Идејата за тоа ќе се обидат да ја извлечат од држењето на девојката, односно дали таа е смела и полна со самодоверба или тивка и повлечена.

Сепак не може да очекувате дека сите нивни мисли се многу доблесни!


4. Дали има веренички прстен на раката?

Повеќето мажи прво обрнуваат внимание на тој ситен детаљ и доколку го забележат во голем дел од случаите се откажуваат, сметајќи дека ситуацијата ќе биде многу сложена и ќе бара вложување на дополнителни напори и појава на дополнителни проблеми.

10-misli-koi-im-pominuvaat-niz-glava-na-mom-iwata-koga-zabele-uvaat-devojka-1.jpg

5. Очите

Како што вели старата изрека „Очите се одраз на душата“. Очите најчесто се показател за нечија енергија, карактер и желби.

Треба само да знаете да ги „прочитате“.


6. Насмевката

Веднаш после очите, насмевката е една од работите кои веднаш ја забележуваат кај девојките. Насмевката е таа која за само еден момент може да направи момчето да се заљуби.

Колку вашата насмевка е поискрена и помила, толку се поголеми шансите тој во истиот момент да тргне кон вас.

10-misli-koi-im-pominuvaat-niz-glava-na-mom-iwata-koga-zabele-uvaat-devojka-2.jpg

7. Изгледот

Не станува збор за тоа дали сте облечени по последна мода и носите најскапа облека, она што тие го забележуваат е како вие ја носите облеката.

Дали таа ја истакнува вашата личност и ве прави неодоливи или прави да се изгубите во јатото риби?

10-misli-koi-im-pominuvaat-niz-glava-na-mom-iwata-koga-zabele-uvaat-devojka-3.jpg

8. Дали таа е „надвор од неговата лига“?

Секое момче кога ќе види девојка која е убава, зрачи со самодоверба и мами воздишки каде и да помине, првата мисла која му поминува низ главата е дека колку и да се труди таа е сепак многу голем „залак“ за него.


9. Како изгледа без шминка?

Дали кога ќе тргне сета таа шминка девојката ќе изгледа исто толку убаво или дури и поубаво. Факт е дека најголемиот број од момчињата сметат дека нивните девојки се најубави без грам шминка на лицето.


10. Дали е девојка за една вечер или девојка за сериозна врска?

Без оглед дали го сакаат едното или другото, од тоа што го гледаат се обидуваат да одредат во која категорија девојката би спаѓала, па решаваат да продолжат понатаму или воопшто да не си го трошат времето.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
9 предупредувачки знаци дека бракот ви е во криза (и сте пред развод) Не разговарате за навиките што ве нервираат, не сте отворени еден со друг и забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg