Што жените мразат кај мажите

Секоја жена барем еднаш во животот се нашла во ситуација во која ја признава онаа позната комапрација дека машките се слични со свињите.

 

Следуваат 9 работи кои жени најмногу ги мразат кај мажите.

1. Себичност - ова е една основа за сите понатамошни грешки, бидејќи себичен маж верува дека жената треба да го следи каде и да тргне, без разлика на тоа дали таа сака или не. Мажот кој повеќе е сконцентриран на себе и своите ќеифови, а на вас не ви посветува внимание, размислете дали воопшто сакате да имате таков човек до вас.

2. Незаинтересираност за нејзиното семејство - кога тој не покажува интерес и грижа за семејството на својата сакана, едноставно почита кон самата жена губи од значење. Тоа е вашето семејство и вие секогаш ќе бидете дел од него. Важно е да ја имате подршката од него кога некој од нив ќе има проблем или да ја споделите среќата која ним им се случила.

sto-zenite-mrazat-kaj-mazite1

3. Нечисти садови - во неговото веројатно семејство мајка му била онаа која ги завршувала сите домашни обврски и сега истото го очекува од вас, без разлика на тоа што вие работите 5 дена во неделата со полно работно време.

Пробајте да ја оставите неговата чинија после секој оброк. Можеби тоа ќе го натера да се освести дека домашните обврски треба подеднакво да се поделат, а рамноправноста е темелот на стабилна врска.

4. Гледање фудбалски натпревари со најјако пуштен глас на ТВ - добро, сите знаеме дека тоа е најважна работа на светот за мажите. Но, понекогаш се чини дека фудбалот му е поважен од вас и децата. А кога вие ја гледате вашата омилена серија или квиз, тој досадува поставувајќи иритирачки прашања и постојано бара да го намалите тонот, бидејќи го боли глава.

5. Смета дека неговата работа е најважна - нормално дека не е така, но освен што би бил многу дезориентиран кога би сфатил дека тој не е глава на семејството, фактот дека сте подобри од него во работата, или не дај боже - заработувате многу повеќе од него, може многу да го повреди.

Мажи разберете - жените имаат рамноправни права и денес е многу полесно да ви парираат од било кога, што не треба да ве заплашува. Наместо тоа, воодушевувајте и се и гордејте се колку е вашата партнерка амбициозна и паметна.

6. Жените се лоши возачи - мажите имаат подобра концентрација и брзо реагираат поради повисокото ниво на тестостеронот. На жените им е потребна повеќе пракса, што не значи дека не би бива. Жените се секогаш повнимателни и претпазливи кога се зад воланот.

7. Навика да ве срами пред други - секогаш е непријатно кога брачните партнери или оние кои се во врска се критизираат пред други луѓе. Ако вашиот маж или момче се однесува поинаку кога не сте сами, тоа има некаква врска со некои негови комплекси и желбата да биде подобар од вас. Разговарајте за тоа. Дури и најтврдоглавиот може да сфати дека таквото однесување ни е во ничиј интерес.

8. Наместо нешто да направи, само зборува за тоа - тоа често се случува бидејќи тој сака да ја покаже својата добра намера, а да ја избегне одговорноста. Ако и понатаму ги избегнува своите одговорности, избегнувајте ги и вие вашите. Може тоа ќе биде добра лекција за него. Нема ништо полошо од празни ветувања!

9. Тој заборава да ве цени - иако поминало долго време откако сте заедно и се чини дека веќе се познавате, никогаш не заборавајте да и обрнете внимание на својата сакана. Жените имаат поголема потреба да се чувствуваат сакано, згрижено и сигурно покрај своите партнери. Секогаш давајте и комплименти, правете ситни изненадувања кои повторно ќе и ја донесат насмевката на лицето. Купете и ја омилената книга, зговете и од омиленото јадење, неколку свеќи и добра музика ќе ја завршат работата за вас.

Би можело да ве интересира:

„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg