Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 причини зошто тој заслужува шанса

Кога ќе ви рече дека е во ред да бидете само пријатели, знајте дека ве лаже. Да бидеме реални - ниеден маж не би сакал да се најде во зоната на пријателство.

3-prichini-zoshto-toj-zasluzhuva-shansa-01.jpg

Навистина сте сурови ако знаете дека тој е заљубен во вас, а вие го третирате како пријател. Или фатете го или пуштете го! – изборот е едноставен!

Еве 3 причини зошто треба да му дадете шанса.

1. Тој е лудо заљубен во вас

Иако комуникацијата и однесувањето со жените не му се силна страна, тој сепак има квалитети кои заслужуваат да бидат ценети. Еден од нив е фактот што тој е неверојатно многу заљубен во вас. Зарем нели секоја девојка сака да биде третирана како принцеза, како капка на дланка...?

Ова момче ќе ви го даде токму тоа – ќе ви ја држи вратата отворена, ќе ве слуша со часови како некој ве повредил. Всушност, тој ќе направи сѐ за да остане во вашиот живот.


2. Тој е супер, само има тешкотии

Жените се привлечени од алфа мажјаци – моќни мажи кои знаат да се изборат за она што го сакаат, па затоа бета мажјаците завршуваат во „зоната на пријателство“. Ваквите мажи можеби имаат тешкотии во моментот – не можат да најдат работа или се соочуваат со било какви други лични проблеми.

Ако тој поминува низ тежок период, не го судете. Дајте му малку време да се соземе и да си ги среди мислите. Времето е одличен показател за вистинскиот карактер на човекот. Плус, порано или подоцна не би сакале да знаете како се справува со тешки ситуации?

Со оглед на тоа што 95% од мажите лажат за нивните чувства, дајте му го ултимативниот тест: Ако сакате да откриете дали навистина сака да останете пријатели, тогаш направете го ова – следниот пат кога сте излезени само прашајте го: „Ако јас сакам да започнам врска со тебе, дали ти би го сакал истото?“.

Без разлика на одговорот, сигурно ќе забележите некаква реакција – или ќе сфати дека го местите или ќе признае дека од одамна имал чувства за вас.


3. Тој е одлична прилика

Можеби го сметате за незрел, бидејќи изгледа како да ве лаже. Токму затоа жените ги сакаат „лошите момчиња“ – тие се искрени и знаат што сакаат. Чудно, но вистинито. Ова за жал, не им оди во прилог на добрите момчиња, бидејќи тие не знаат точно што прават, но се трудат.

Со исклучок на неговите лоши комуникациски вештини, тој е вистинска прилика за вас. Освен што знае добро да ве третира, тој и ве заслужува, ве засмејува и едноставно ви го прави животот подобар. Зарем не би можеле еднаш да прогледате низ прсти? Можеби и ќе го најдете господин Совршен...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
9 предупредувачки знаци дека бракот ви е во криза (и сте пред развод) Не разговарате за навиките што ве нервираат, не сте отворени еден со друг и забе...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери „Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“. „Ме изн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg