Магла на заљубени очи: Мене сѐ ми помина, а тебе?

Понекогаш мислам дека можам да го вратам времето. Да се вратам онаму каде што мислам дека бевме најсреќни. Онаму каде проблемите знаевме да ги решиме... сега сѐ е хаос. Толкав голем хаос е што ни јас, а богами ни ти не знаеме каде да бегаме.

magla-na-zaljubeni-ochi-mene-se-mi-pomina-a-tebe-01.jpg

Долго време бегаме, што е право, но некако никако да избегаме еден од друг. Постојано се навраќаме како да сме една расипана плоча која одново и одново се врти. Постојано се навраќаме, како да не можеме еден без друг. А, знам дека можеме. И ти знаеш дека можеме. Но, едноставно повторно се враќаме како да има некоја грандиозна причина зад тоа.

Се сеќавам дека велеше „секогаш се враќаме онаму каде сме најсреќни“, но кажи ми искрено: Дали ние некогаш бевме среќни или тоа беше само привид, само магла на заљубени очи? Дали некогаш искрено се заљубивме еден во друг толку силно, што станало дури неотповикливо?

Можеби во сите тие чеканици да дојдеме, да бидеме, можеби заборавивме да се заљубиме. Ништо чудно, сосема очекувано од нас.

Го носиш ли сѐ уште шалот од кашмир што едвај го пронајдов за да ти го купам? Што се убив од барање на проклетиот излез од проклетиот трговски за да не го пропуштам таксито во кое ме чекаше? Ги носиш ли сите спомени јас како што ги носам?

Разговорите во 4 часот наутро, ти пијан, а јас те водам по уличките низ твоето маало, иако ниеднаш не сум стапнала. Дали нив ги носиш? Дали сѐ уште е запечатен во тебе вкусот на палачинките што ги јадевме првиот пат кога се видовме? Дали сѐ уште во тебе е внедрен допирот на дождовните капки таа вечер кога се расправавме под таа малечка стреа? Дали твоето срце зарасна од сите маки што ги проживеавме како што зарасна моево?

А зарасна. Помина. Сето тоа помина. И болката и радоста. Сѐ.

Мене ми помина и мирисот на кошулата што тоа лето ти ја позајмив, ми помина звукот кога се смееше на моите глупости што секогаш ги тропав. Ми помина тоа што го поминавме пола град за да најдеме отворена читална и што ме однесе на место кое ти го мразиш, а јас го обожував. Ми помина.

Дали тебе ти помина?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава