Не ми треба кармин на твојата кошула, знам кога има трет човек во нашата врска

Не ми треба кармин на кошулата, ни сомнителни повици доцна навечер. Не ми треба проверување на пораки, повици и профили, следење не ми паѓа ни на памет. Доволно сум свесна и знам кога нешто не е како што треба. Знам колку давам, а колку примам.

ne-mi-treba-karmin-na-tvojata-kosula-znam-koga-ima-tret-covek-vo-nasata-vrska-01.jpg

Знам што ми е земено, знам што не сум дала, знам дека има трет човек во нашиот однос.

Едноставно е, те познавам, се познавам, знам како започнавме, ја знам нашата љубов уште од  корен, се сеќавам на нашето прво излегување, првиот бакнеж, првиот секс, на бескрајните прегратки. И знам дека ова е една криза, за која не си само ти виновен, доаѓаат и такви моменти.

Знам дека она што ти треба не го добиваш во целост и само минливо го бараш кај другата. И убаво ти е со неа, можам да претпоставувам за нејзината личност, ама што ќе ми е.

Во овој бермудски триаголник сме тројцата, се лажeме, се смееме, се озборуваме, еден со друг, а кој неможе еден без друг?

Запрашај се драга моја, дали ја имаш власта да го задржиш, ама не, знам дека тој ќе се врати, затоа што нашата врска е посебна и таква и ќе остане.

А и ти драга моја ќе го најдеш својот пат, не ти се лутам.

За изневерување се потребни тројца, едниот да должи, другиот да побарува, третиот да нуди.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава