Љубовта од младоста, 70 години подоцна (видео)

Норвуд Томас и Џојс Морис биле бескрајно заљубени во 1944-та година, кога Норвуд имал 21 година а Џојс 17. Сега, седум децении подоцна, добиваат шанса да продолжат онаму каде застанале.

cuvstvoto-koga-posle-70-godini-povtorno-kje-ja-pronajdete-izgubenata-ljubov-01.jpg

Се запознале во Лондон, покрај брегот на реката Темза, но нивната среќа траела кратко заради избувнувањето на Втората светска војна кога Норвуд бил присилен да ја напушти Велика Британија и да се бори во битката за Нормандија.

„Мислам дека се заљубив во начинот на кој се смееше“, изјавува Норвуд, „постојано гледав во неа и си мислев „Господи ова е една толку убава девојка‘“.

После војната Норвуд се преселил во Америка и напишал писмо до Џојс каде стоело „дојди и направи ја мојата куќа дом“. Но, Џојс погрешно го разбрала писмото, мислејќи дека Норвуд се оженил со некоја друга која сака да ја остави за да биде со неа. Затоа таа ставила крај на нивната врска, оставајќи го неговото срце целосно скршено.

Подоцна и двајцата стапиле во брак со други луѓе и добиле деца; Џојс, која сега има 88 години, е разведена и живее во Австралија, а Норвуд, кој сега има 93 години, е вдовец и живее во Вирџинија. Норвуд мислел дека Џојс починала во авионска несреќа во 1990-те, бидејќи се чинело дека листата со жртви го содржи нејзиното име. Но, Џојс се прашувала што се случува со Норвуд одвреме-навреме и побарала од нејзиниот син, Роб, да ѝ помогне да го најде на интернет. Така тие нашле натпис во весник за него како на неговиот 88-ми роденден скокнал со падобран, па Роб замолил од весникот да има дадат контакт од Норвуд.

Весникот објавил видео од Норвуд и Џојс како разговараат на Скајп речиси два часа. Таа сè уште го нарекува Томи, име со кое никој не му се обратил уште од 1945-та година.

Приказната за дојката била толку многу споделувана на интернет што некој сосема непознат човек отворил фонд за собирање на пари со кој ќе може да се организира повторна средба помеѓу Норвуд и Џојс. Авионската компанија „Air New Zealand“ решила да им плати два билети во прва класа во Австралија, а останатите пари ќе бидат искористени за хотелски трошоци. После 70 години ќе имаат шанса заедно да го прослават Св. Валентин.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава