Можеби ќе трае, а можеби ќе згасне исто онака како што почна

Моите прсти го допираат неговото наежено тело, а тој целиот се грчи. Ладни ми се прстите на вакво време. Сакав да бидам со него.

mozebi-ke-trae-a-mozebi-ke-zgasne-isto-onaka-kako-sto-pocna-01

Одамна немав посакано едноставно, да бидам со некого. Тој ми ја разгори желбата, ми го отвори умот и може да се рече, дека ме прави среќна. 

Неговата насмевка е тешка да се опише. Изгледа како мало дете кога ќе му дадете лижавче или ќе му купите нова играчка.

Забите, бели еден по еден совршено наредени во две линии кои светкаат кога ќе ги погледнете. Најубав е. И уште поважно, мој е. 

Кога го гледам од моја перспектива, изгледа уште посовршено отколку кога го гледа друг. Можеби затоа што јас го гледам, со моите, како што тој ги вика „розови очила“. Можеби можам да се заљубам во него. Можеби ова ќе трае, а можеби ќе згасне исто онака како што почна.

Со него работите ми се поинакви, јас сум поинаква. Посреќна, поубава и порасположена. Убаво е да се биде со вистински маж, отколку со несозреано дете. Но, тој сепак е дете, иако не знае.

Дете е затоа што неговите очи кријат детска копнеж. Иако не се однесува така, тој го крие тоа во себе. Крие многу работи. И добар е во тоа.

Откривајќи дел по дел од него, запознавајќи го неговиот карактер јас патувам. Патувам по неговите мисли и размислувања, некогаш можеби ќе пропатувам и низ неговото срце.

Засега е убаво и се надевам дека така ќе остане. Дека ќе остане да слушаме музика на -2 степени каде нема никој, дека ќе гледаме филмови стуткани еден до друг, а тој нема да може да престане да коментира - како и секогаш. Дека ќе ги пикаме рацете по неговите џебови одвреме-навреме ќе ги спои со моите и дека тој секогаш ќе ме топли на ова студено (не) време.

За малку време, многу спомени можат да се создадат. И се создадоа. Се создадоа како слики кои силно се врежаа во мојата глава и кои искрено се надевам никогаш нема да се избришат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава