Љубов низ илустрации: 12 причини зошто го сакам
Серијалот „12 причини зошто ја сакам“ сега добива ново продолжение, овојпат посветено на посилниот пол и нивните „квалитети“.

Лингвистов е уметникот кој се потрудил да зборува и црта од женска перспектива, па ги создал овие 12 илустрации во кои секоја девојка ќе го пронајде саканиот.
Го сакам затоа што...
1. Тој е моето друштво за шопинг.

2. Јаде што и да зготвам.

3. Имам бесплатно возење во 4 часот наутро.

4. Згоден е!

5. Сега сум „во врска“ и на Фејсбук.

6. Татко ми го одобри.

7. Тој е причината поради која се бричам.

8. Најдобар е кога треба нешто да се поправи.

9. Ме мотивира да бидам подобра личност.

10. Ми ги дава најдобрите подароци.

11. Дури и мојата мачка го толерира.

12. Му се допаѓа плејлистата која ја слушам.

Д. М. | Црнобело