Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Недовршена приказна за реалистот и девојката која веруваше во магија

Кога бев мала, постојано ми раскажуваа приказни. Ме уверуваа дека секогаш ќе го добивам својот среќен крај. Но, пораснав и увидов дека не е така.

nedovrsena-prikazna-za-realistot-i-devojkata-koja-veruvase-vo-magija-01.jpg

Долго време се убедував: „Еј, ете можеби е грешка, можеби јас сум исклучокот што го потврдува правилото...“ но, реално никогаш не се убедив.  И тогаш од нигде-никаде се појави тој.

Не беше нешто којзнае што посебен, ниту значаен, но нешто кај него предизвикуваше срцево да ми игра и да не можам да го запрам.

Тргнавме од поглед, па да станат погледи кои полека го продлабочуваа и воедно го сечеа времето. Погледите преминаа во говор, а говорот во разговор кој имаше смисла. Од тука работите сами течеа, барем јас сакам така да верувам.

Почнав да го запознавам – дел по дел, спомен по спомен, откривав што му е мило, а што мрази и се прашував каде сум јас на таа листа. Но, тој молчелив и мистериозен, никогаш не кажуваше.

Во еден наврат ми кажа дека мрази да зборува за себе, но потсвесно мислам дека сакаше да знам. И она што најмногу ме чудеше кај него што скоро никогаш не прашуваше за мене. Секако дека ме прашуваше што правам, како го поминав денот, но никогаш не преминуваше на оние полични прашања. Тврдеше дека сака да ме запознае, но делата кажуваа поинаку.

Сѐ уште се прашувам што е тој, а што јас во оваа приказна. Колку што знам јас не е ни љубовна, за мене непознат вид е. А, таков е и тој. Суштество какво што немав видено до сега. Без суета, без его, едноставна личност на која скоро сѐ ѝ беше сеедно. Понекогаш посакувам јас да бев таква, но јас секогаш сум приврзана за него, иако умирам од страв. Јас имам страв од врзување, а како што ми кажа и тој исто така.

Додека ми раскажуваше една негова вистинита приказна ми откри дека длабоко се врзува за луѓе и не може да се збогува, а тогаш не можев а да не се запрашам: ако сѐ уште лебди ова нашево во воздухов, кога јас ќе заминувам дали ќе му биде толку болно да ме испрати, па сама ќе ме остави на аеродромот?!

Некогаш ме тера да се запрашам дали воопшто му значам, но одлучив да не се занимавам со таквото прашање поради преголемата доза на мисли во мојата глава кои вообичаено имаат негативен призвук.

Сакам да се убедувам себеси дека јас сум она што му треба, а дека тој е она што јас го сакам. Но, никогаш не сум сигурна.

Јас сум девојка која сака магија, магични нешта, случајности и романтика. Тој е целосно спротивен од мене. Преголем реалист кој не ја гледа магијата околу нас.

Јас се восхитувам на ѕвездите, а за него тоа не е ништо посебно. Јас сум дете, а тој возрасен. Можеби затоа се толку тешки нештава.

Можеби тој ќе биде тој среќен крај на мојата приказна, но сега за сега да ја оставиме како недовршена, а некогаш можеби ќе ви раскажам што се случи со нас. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg