12 причини зошто жените кои чуваат мачки се одлични партнерки

Време е да го побиеме стереотипот - девојките и жените кои чуваат мачки не сакаат вечно да останат сами и да живеат сингл засекогаш.

12-pricini-zosto-zenite-koi-cuvaat-macki-se-odlicni-partnerki-01.jpg

Всушност, постојат најмалку 12 причини зошто жената која обожава мачки е одлична партнерка во животот и љубовта:

1. Имаат големо и отворено срце

Тоа може да го видите од  секое спасување на ново маче кое го сака како сопствено дете.


2. Знаат дека клучната работа во животот е балансот

Тие нема да ви превртуваат со очите кога ќе побарате малку слободен простор. Како горди сопственици на мачка, точно знаат кога сакате љубов, а кога време за себе.

12-pricini-zosto-zenite-koi-cuvaat-macki-se-odlicni-partnerki-6.gif

3. Не се плашат да се обврзат

Доколку сте во потрага по девојка која не се плаши од зборот „засекогаш“, тогаш побарајте девојка која чува мачка. Таа веќе ветила дека нејзината мачка ќе биде среќна до последниот здив, па зошто би имала проблем истото да го направи по вторпат?


4. Знаат да се смеат од срце

Мачките се урнебесно смешни суштества со кои си го тренирате хуморот. Што понатаму следува дека девојката или жената која живее со мачка, не може да не знае да се смее.


5. Не се плашат да го делат центарот на вниманието

Веќе е истренирана дека нејзината мачка мора да е центар на светот, па нема да и пречи кога ќе остане во „споредна улога“. Тоа само значи дека е снаодлива.

12-pricini-zosto-zenite-koi-cuvaat-macki-se-odlicni-partnerki-2.jpg

6. Одговорни се

Тоа можете да го заклучите од целата нега и сите третмани кои мачките си ги побаруваат за да останат просечно чисти и издржливи. На тој начин одговорноста си доаѓа природно.


7. Не се откажуваат само затоа што работите се комплицирани

На крајот од краиштата, штом можат да сакаат суштества кои им зеваат и киваат во лице, од време - на време гребат по нозе и раце, лежат на тастатура и пуштаат влакна по секој можен тепих, зошто не би сакале некој поедноставен?


8. Знаат да ги ценат едноставните работи во животот

Како на пример спиењето со животно на глава, гушкањето на попладневниот дожд и предењето со часови.

12-pricini-zosto-zenite-koi-cuvaat-macki-se-odlicni-partnerki-3.gif

9. Лојални се

Никој не може да им го наруши веќе изградениот однос и тоа најдобро ќе го видите од начинот на кој се однесува со својот миленик. Едноставно, таа е дел од животот и тоа е невозможно да се промени.


10. Знаат да делат

Не се жалат (многу) кога треба нешто да поделат. Животот со мачка е постојана борба за превласт, односно вечна делба на креветот, храната, компјутерот...


11. Посреќни се!

Вистина е, научниците секојдневно нудат нови докази за тоа дека луѓето кои чуваат миленици полесно го поднесуваат стресот, поретко се депресивни и можат да бидат одлична емоционална потпора. А, кој не сака да биде со среќна и исполнета личност?


12. Одлични се кога треба да комуницираат и слушаат

Заради тоа што секогаш разговараат со мачките. Можеби тие не им одговараат, но секогаш одговорот го пронаоѓаат во мјаукањето. Преку оваа необична комуникација се развиваат две важни вештини - слушање и разбирање.

12-pricini-zosto-zenite-koi-cuvaat-macki-se-odlicni-partnerki-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава