6 причини заради кои во ниту еден случај не треба да трчате по маж

Имате некого на око... Ова „состојба“ ве прави среќни, но и по малку ве излудува. Во еден момент мислите дека сите надежи се изгубени, а тогаш ќе ви стигне порака и сфаќате дека уште сте во игра и веднаш почнувате со планови како да играте.

6-pricini-zaradi-koi-vo-nitu-eden-slucaj-ne-treba-da-trcate-po-maz-001.jpg

Почнувате да се лажете себеси и претерано да анализирате. Апсолутно сè. Од интерпункциските знаци до времето кое поминало пред да и стигне одговор на пораката.

Сето тоа има некакво значење за вас, но судејќи по сè, тоа не значи апсолутно ништо.

Еве зошто би требало да престанете да трчате по момчето:

1. Можете да почнете да заборавате на луѓето кои во вашиот живот не се само привремено. Ќе го пропуштите создавањето драгоцени спомени со пријателите и семејството, додека се обидувате со сила да создадете заборавни спомени од заљубеност.

2. Му го нудите своето срце на некој кој не го заслужува. Оној кој го заслужува сигурно ќе ви се додворува и ќе даде сè од себе да биде со вас.

3. Трошите енергија на нешто што е минливо. За тоа сте и самите свесни, но некогаш е тешко да си го признаете.

4. Почнувате да заборавате на работите кои навистина ви биле важни. Сте сонувале за нешто друго и сте се надевале на нешто подобро, но се задоволувате со телефонски пораки и повици доцна во ноќта.

5. Почнувате да се излудувате самите себеси. Звукот на добиена порака е ваш најголем кошмар, но и најдобар пријател. Мислите дека станува збор за игра, но вистината е дека некој си игра со вашата среќа.

6. Трчате по човечко суштество наместо да му дозволите на живото да тече по неговиот тек. Престанете да ја анализирате секоја порака и дозволете судбината да ги земе работите во свои раце. Дозволете да се случи вистинската работа за која не е потребно објаснување, бидејќи таа сама по себе е објаснување.

Работата е дека не треба да трчате по било кој. Наместо да трчате по пеперутки во стомакот, почнете да трчате по своите амбиции, своите соништа, своето место под сонцето, дружење со пријателите, своја пролет, своја насмевка, свои спомени...

Престанете да трчате по љубовта и дозволете ѝ таа да ве пронајде вас.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава