Девојки, од искомплексирани мажи бегајте подалеку, па макар и ги скршиле двете нозе

Без долги воведи и размислување, имам да кажам само една работа - девојки бегајте од искомплексираните мажи што е можно побрзо, колку ве држат нозете, да макар и ги скршиле двете нозе. Штетата е помала отколку врската со нив.

devojki-od-iskompleksirani-mazi-begajte-podaleku-pa-makar-i-gi-skrshile-dvete-noze-001.jpg

За искомплексираниот маж никогаш нема да бидете доволно добри. Никогаш. Дури и ако промените сè она што го барал од вас, тој повторно ќе најде нешто за критикување, нешто што му пречи. Затоа што, пред сè, самиот себеси не се трпи иако тоа никогаш нема да си го признае.

Искомплексираните мажи се оние кои се незадоволни самите од себе, претпоставувам тоа веќе го знаете. Незадоволството е поврзано со било која област од животот - духовна, професионална, онаа која се однесува на надворешниот изглед, незадоволство кое неретко успешно го кријат подолг временски период.

Заради сопствените фрустрации и неможноста да бидат онакви какви што би сакале да бидат, бараат партнерка која е совршена по сите општествени мерила.

Поучена од моите, но и бројните туѓи искуства, ќе ви дадам класичен пример на врска со искомплексиран маж. На почетокот сте му добри баш онакви какви што сте, но како вашиот однос напредува и се продлабочува, така сè повеќе се забележува неговата потреба да промени нешто кај вас. Нешто што не е доволно добро.

На почетокот ќе се соочите со внимателни, а потоа „агресивни“ коментари од типот: „Би можела малку да ослабеш/да се здебелиш“, „малку теретана не би ти пречела“, „зошто се облекуваш така?“, „ставај помалку/повеќе шминка“...

Ако случајно преминете преку овие „конструктивни“ коментари, бидејќи заљубената девојка може да биде погубна сама за себе, и се обидете да поработите на нив, имајте на ум дека никогаш нема да престанат. Ќе дојдат нови критики. Ако почнете да одите во теретана, да ставате помалку шминка, ќе почне да му пречи што немате поголеми гради, подолги нозе...

Некои ќе бидат доволно храбри да ви предложат да направите и по некоја пластична операција, нешто што лично го доживеав. Ме советуваше да си ставам силикони на градите, затоа што уште тоа недостасувало мојот изглед да биде совршен.

Запрете, овде не завршуваат критиките и „советите“! Овде не е крајот! Кога сте во рацете на еден искомплексиран маж, ако нема за што да ве критикува на физичко поле, постои цел океан на проблеми кои ги имате во вашето однесување, психа, памет, образование...

Така, неретко може да бидете дефинирани како „плитки“, „ретардирани“, „ограничени“, „сте завршиле лесен факултет“, „работите глупава работа“, „мрзливи сте“, „неодговорни“, „неспособни“... Секако, да повториме, искомплексираните мажи овие епитети ги припишуваат дури и тогаш кога не одговараат на реалноста.

Па, во што е проблемот? Суштината лежи во тоа што искомплексираниот маж, исконски е незадоволен од себе и тежнее своите недостатоци да ги надомести преку совршена партнерка. Затоа што, кој би помислил дека тој е лош или просечен, ако покрај себе има идеална жена - жена без маани?

Бидејќи го мрзи да поработи на себе и да стане вистински задоволен човек, полесно му е да направи некоја тажна балада, а од вас, тажна жена, несигурна во себе и со разнишана самодоверба.

Човекот кој е задоволен од себе никогаш нема да има воочливи замерки на вас, посебно не оние кои се врзани за вашата надворешност. На остварениот маж ќе му се допаѓате онаква каква што сте, со сите ваши доблести и маани. Вистинскиот маж ќе ги сака вашите криви заби, мали гради, лош струк, големиот задник, ретката коса...

Ако постои една реченица која ми го променила животот, тогаш тоа е оваа: „Остварените и задоволни луѓе не одат од околу и не ги навредуваат другите луѓе“. Затоа, трчајте колку ве држат нозете од мажот кој ве навредува и оспорува на било кој начин. Тој никогаш нема да ве направи среќни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава