4 тајни на долгите врски кои секој пар треба да ги практикува

Новата врска е секогаш интересна – особено во раните фази. Сѐ што ќе направи партнерот е интересно и секој момент сакате да го поминете со него. 

4-tajni-na-dolgite-vrski-koi-sekoj-par-treba-da-gi-praktikuva-01

Иако ова е одлично, сепак се создава тенденција за едната личност целосно да се изгуби во врската.

Сосема е природно да се промените како што ќе созрева врската, но понекогаш луѓето престануваат да се дружат со нивните пријатели и семејството, ги занемаруваат хобијата кои ги имале или едноставно престануваат да бидат целосно сами.

Тоа не е во ред, па еве како да се вратите во нормала:

1. Одвојте време за себе

Без разлика дали живеете заедно, знајте дека секогаш ви е потребно време за себе. Исто така, важно е да потенцирате дека секој има различна дефиниција за „време за себе“.

Добро е да разговарате со партнерот околу вашите различни погледи и да откриете што функционира за двајцата.

На пример, некои луѓе сакаат да бидат сами дома, а некои пак сакаат да излезат на неколку часа со пријателите.

Од есенцијална важност е да си дадете простор. Доволно се 2 вечери во неделата да ги поминувате одделно, за да „одморите“ малку од другиот, а и да им посветите време и на другите важни личности во вашиот живот.


2. Имајте задолжителни љубовни состаноци

Од друга страна пак, вашата врска ќе нема напредок и нема да се развива ако не си посветувате доволно внимание еден на друг. За да бидете сигурни дека поминувате доволно време заедно, прво разговарајте колку време всушност би сакале да поминувате со вашиот партнер.

Нормално е едниот партнер да сака да поминува повеќе време отколку другиот и не треба да се чувствувате лошо околу тоа. 

Планирајте љубовни состаноци. Можеби ви се допаѓа да излезете заедно во ресторан, или на кино или на изложба или да гледате спортски настан. Дури, ако сте во финансиска криза можете да организирате домашна кино-вечер или заедно да готвите.

Друга алтернатива е да ги правите истите нешта заедно во текот на една недела. Можеби има некоја интересна серија која сакате да ја гледате заедно или ви се допаѓа да одите во салата за вежбање...

Интересна идеја е да пробате нешто што досега ни двајцата го немате пробано. Пример, да одите на часови за танцување или на часови по готвење. Истражувањата покажуваат дека ваквите активности ја зацврстуваат врската дури и во бракот.


3. Поминувајте време со пријателите и семејството на партнерот

Колку што се важни претходниве две, толку е важно и да поминувате време со важните луѓе во животот на другиот. Некогаш, нашите пријатели и семејство ги гледаат работите во нашите партнери кои ние не можеме да ги видиме. Така на пример, ние можеби одбиваме да прифатиме за некаков проблем кој им е јасен на другите.

Ако вашата врска се движи во некоја насока и ако целите да останете заедно, треба да се потрудите да ги запознаете важните индивидуи во животот на партнерот. Исто така, вие треба да сакате да ги запознаете вашите пријатели и семејство со вашиот партнер.


4. Не ги занемарувајте хобијата

За да го зачувате вашиот личен идентитет, многу е важно да продолжите да ги правите работите што сте ги правеле и досега. Можеби тоа е танцот или цртањето. Вашиот партнер можеби ужива во некој спорт. Без разлика што е тоа што ви носи насмевка на лицето, освен партнерот, одвојте време за да ги направите овие активности сами.

Ваквите активности имаат за цел да ве релаксираат и да направат да се чувствувате добро за себеси. Ако ги одржите вашите сопствени хобија, тогаш продолжувате да ги развивате вашите интереси. Исто така, ќе ви биде поудобно да бидете сами – за некои луѓе тоа може да биде проблем, особено ако сте екстроверт.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава