Дали вреди да го одложите медениот месец?

Свадбите сѐ повеќе и повеќе ја губат својата традиционалност. Тука спаѓаат и невестите во невестински фустани кои не се бели, парови кои снимаат видео спотови заедно со нивните гости и секако, одложувањето на медениот месец.

dobrite-i-losite-strani-na-odlozuvanjeto-na-medeniot-mesec-01

Голем број парови одлучуваат да го поместат медениот месец  за недели, а некогаш дури и месеци поради буџетот или недостаток на платен годишен одмор.

Но, пред да го одложите ова магично патување, прашајте се: „Дали овој модерен тренд има големо влијание врз нашиот брак?“

Еве кои се за и против аргументите:

За:


1. Можете да извлечете максимум од свадбениот викенд

Ако не мора да скокнете во авион неколку часа по вашиот последен танц значи дека навистина можете да уживате во вашата свадба – играјќи, пиејќи... со луѓето кои ви значат нешто.

Можете искрено и со желба да учествувате во сите форми на славење и да го продолжите она што е веројатно најскапиот настан кој некогаш сте го приредиле.

Плус, следниот ден можете да го поминете со пријателите и семејството кои се тука да направат да се чувствувате подобро.


2. Ќе поминете со помалку стрес ако свадбата и медениот месец ги планирате одделно

Планирањето свадба е доволно стресно, а планирање на медениот месец е каде-каде полошо.

Затоа, ако прво ја планирате свадбата, а потоа медениот месец, тогаш сигурно ќе поминете со помала нервоза.


3. Ќе заштедите пари и ќе имате поубаво и поголемо патување

Ако одвоите време за добро да го испланирате неверојатниот меден месец без да треба да ја жртвувате локацијата и времетраењето, тогаш вреди да чекате.

Свадбите се скапи и ако вие сами ја покривате вашата свадба, тогаш навистина вреди да ја подобрите финансиската состојба пред да се потрошите уште повеќе за грандиозното патување.


4. Имате поголем избор на локација

Ако сакате да патувате веднаш по вашиот голем ден, тогаш мора да изберете локација која соодветствува на тогашното годишното време.

На пример, ако имате летна свадба не можете да патувате низ Европа (освен ако не сакате да се тепате во гужвите).

Ако одложите, имате можност да одберете време, но и место од вашите соништа.


5. Сѐ уште имате нешто на што треба да се радувате

За многу парови, свадбената треска е единствената радост и кога таа ќе заврши голем број парови паѓаат во мини депресија.

Само што сте го испланирале тој прекрасен настан за сите што ги знаете и сакате и сега сето тоа заврши.

Но, ако по свадбата следи патување, тогаш вие ќе имате на што да се радувате и уште повеќе ќе уживате во почетокот на заедничкиот живот со партнерот.


Против:

1. Нема да го искусите традиционалното испраќање

Ако отсекогаш сте замислувале како на крај од вечерта ќе заминете на патување и притоа ве испраќаат гостите, тогаш одложување на медениот месец и не ви е баш најпаметно.

Плус, за паровите кои сакаат да бидат малку сами по големиот ден, инстантното заминување не е идеално.


2. Можно е веднаш да треба да се вратите во канцеларија

Постои голема можност што поскоро да треба да се вратите на работа, но барем ќе ја имате најдобрата приказна за тоа што сте правеле викендот.


3. Медениот месец може да не наликува на меден месец

За многу парови ова е голем и вистински проблем. Во зависност од тоа колку чекате, возбудата која доаѓа со свадбата може да исчезне и вашиот меден месец да се претвори во „само уште еден одмор“.


4. Никогаш не се знае за колку ќе го одложите

Одлагањето без дефинитивен датум на тргнување може да се претвори во меден месец кој никогаш нема да го имате.

Некои парови чекаат дури и години пред да започнат да го планираат патувањето, што може да прерасне во уште еден од многуте извори на стрес.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил,...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Срам од своето тело во 20-тите, врв на задоволство во 40-тите: Како изгледа сексот во различни перио... Сексот станува подобар со времето. Во 20-тите постои најголема веројатност да пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg