Така завршувавме ние, јас во 7-ца ти во 22-ка

Во животот некои работи едноставно не смееа никогаш да се случат, можеби и оние кои се случуваат не требаше да се случат, но се случуваа или јас едноставно претерав со утринското кафе па се изгубив во сопствените зборови. 

taka-zavrsuvavme-nie-jas-vo-7ca-ti-vo-22ka-001.jpg

Јас оној кој никогаш не се интересира за луѓето во светот и ти онаа која секогаш сакаш да ги имаш работите под контрола...

Знаеш иако ти се чинеше дека мојот свет е ладен и отсутен јас никогаш не бев таков. Доаѓав наутро и во училницата со празни клупи она што сакав да видам беше твојата насмевка и твоето среќно кажано „добро утро” за да можам да продолжам со мојот напорен ден.

Сакав утрата да ми започнуваат на тој начин, секогаш и секаде.

Но, ти никогаш не дозна колку си посебна за мене, бидејќи ти секогаш им го разубавуваше денот на сите. Сите ја посакуваа таа твоја позитивна енергија за убав почеток на една работна недела и твојата насмевка за секој нов ден.

Беше лек кој јас сакав да го откријам, ама некако ми беше страв да ми го препишат тој рецепт, а уште повеќе да ја донесам за да ја одобрат и конечно да го добијам она што ми треба.

Очите секогаш ни се среќаваа потајно, кога не гледаше ти зјапав јас, а кога дремев на предавање тогаш ти се смееше на мојата трапавост. Кога ќе го слушнев твојот глас од другата страна на слушалката се блокираше секоја мисла и затреперуваше мојот глас.

Можев да забележам дека истото се случуваше и со тебе. Во твоја близина бев целосно отсутен, мислејќи што би можеле да бидеме.

Знаев дека те посакувам бескрајно, чувствував дека и ти мислиш истото за мене.

Но, знаеш ние луѓето сме комплицирани до болка.

Правиме работи кои не треба да ги правиме, премолчуваме работи кои не смеат да бидат премолчени. Губиме време на глупости наместо да посегнеме по среќата која ни е пред носот.

Сè така додека не западнеме во депресија за она што не било, а главни одговорници за тоа ние самите, како недоволно развиени да го оствариме.

Го знаев тој факт и ги знаев следните зборови во моето сценарио, но не ми се изговараа.

Можеби стравот дека нема да ја сретнам повторно таа искрена насмевка или потребата дека животот ќе те однесе далеку ако признам ми го гризеа јазикот терајќи ме да молчам.

Горевме од желба да бидеме еден покрај друг, но таа згаснуваше поради стравот од она што може да биде ако она нашето никогаш не успее.

Во таа низа на случки, тука некаде бевме јас и ти. Двајца блиски, а целосно далечни.

Ти секогаш се качуваше во 22-ка, а јас во 7-ца иако одевме на исто место. Разликата беше само една станица. Колку и да беше лоша таа паралела така завршувавме јас и ти.

Како две единки кои сакаат да стигнат на исто место, но целосно раздвоени, по слични патишта, но никогаш заедно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава