Како доењето влијае на сексуалниот живот?

Доењето е прекрасно искуство за сите „нови“ мајки, но тоа може да влијае на многу разни аспекти од животот на жената. Еден од нив е сексот.

kako-doenjeto-vliae-na-seksualniot-zivot-01

Ова се 5 начини на кои хормонална промена, исцрпноста и сѐ останато што се случува во текот на доењето може да го промени сексуалниот живот:

1. Не се чувствувате привлечно

Додека дои, жената може да има значително намалена жлеба за секс и тоа е сосема нормално – особено во првите недели од мајчинството кога жената и најмногу дои. Некои жени сметаат дека улогата на нова мајка е емоционално несоодветна со чувството на сексапил. Во секој случај, ако не ви е до секс, не морате да се присилувате на тоа.


2. Се чувствувате попривлечно од претходно

Од друга страна, некои жени се чувствуваат попривлечно додека дојат. Ако се прашувате како некој може да се чувствува секси додека животот му се врти околу хранење на дете со млеко од своето тело тогаш еве го објаснувањето:

Поради доењето, градите и брадавиците се почувствителни, што резултира со засилени дразби т.е. жената многу побрзо и полесно може да доживее оргазам.


3. Млекото може да почне да тече за време на секс

Во текот на сексот, односно кога жената сексуално ќе се возбуди може да се случи млекото да почне тече од градите, што е последица на надразнување на брадавиците, а негов резултат е отпуштање млеко. Некои парови дури признаваат дека таквата појава ги возбудува.


4. Можете да искусите невообичаена сувост на вагиналното подрачје

Поради хормонските промени кои се последица од доењето, вагиналното подрачје може да биде забележително посуво отколку претходно. Всушност, додека жената дои, хипофизата произведува големо количество пролактин – хормонот кој го поттикнува произведувањето млеко во градите. Но, пролактинот влијае и на намалување на произведувањето на другите хормони на хипофизата, еден од нив е естрогенот.

А поради недостаток на естроген, вагиналното подрачје може да стане уште посуво (слично се случува и во менопауза). Тука може да помогне лубиркантот, но ако тој не делува може да прашате гинеколог кој ќе ви препорача вагиналети или крема со естроген.


5. Љубовта на партнерот може да биде премногу

Окситоцинот и пролактинот во комбинација со физичкиот чин на доење може потполно да ве окупира емоционално и поради него било каков исказ на љубов од страна на партнерот може да ви биде премногу. За да не се оддалечите од партнерот, важно е барем дел од времето да го поминувате со него. Макар тоа да биде и еден час дневно. Тоа не значи дека треба да форсирате секс. Разговарајте за вашите чувства, држете се за рака, милувајте се, љубете се...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава