Не сум сигурна за милион работи во животов, но сигурна сум во тебе...

ne-sum-sigurna-za-milion-raboti-vo-zivotov-no-sigurna-sum-vo-tebe-1.jpg

Не сум сигурна што ќе облечам денес, но сигурна сум дека сакам да ме видиш како ќе изгледам. Сакам да бидам прекрасна пред тебе. Сакам за тебе да го носам новиот фустан и новите чевли и да ја средам косата и да го ставам накитот од тебе, дури и ако одиме на пиво. Тоа што сум со тебе е доволна причина.

Не сум сигурна каде сакам да го поминам слободниот викенд, но сигурна сум дека сакам да бидам со тебе. Не ми е гајле дали ќе останеме дома или ќе одиме некаде, со моите или твоите пријатели, дали сакаш да одиме некаде и да молчиме или да зборуваме без престан. Само сакам да бидам со тебе во омилените тренерки.

Не сум сигурна каква ќе ми биде оваа недела на работа, но сигурна сум дека сакам сè да ти раскажам. Сакам да ти објаснам како течеле сите состаноци, какви глупости сум направила затоа што едноставно сум несмасна, а ти да ме слушаш и да се смееш. Сакам да ти го раскажам новиот трач, иако ама баш никако не те засега. Не сум сигурна дека знам за што ќе зборуваме, но едвај чекам да ти се јавам кога ќе помине 4.

Не сум сигурна каква иднина ме чека, но сигурна сум дека те сакам тебе во неа. Сакам да го планирам следниот роденден со тебе, следниот празник до тебе, следното патување... и сигурна сум дека утре сакам да се разбудам до твојата глава на мојата перница.

Не сум сигурна што ќе се случи еден ден со нас, но сигурна сум дека ќе вреди. Не сум најсигурна дека нема да ми го скршиш срцето, но сигурна сум дека покрај тебе се чувствувам жива.

Не сум сигурна дали ме сакаш подеднакво силно, но сигурна сум во мојата љубов.

Сигурна сум дека секогаш, без разлика на тоа каде се наоѓам, ќе помислам на тебе и ќе се насмевнам.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава