Експертите советуваат - Како до фантастичен секс?

Според секс терапевтите, ако сакате добар секс мора да ја напишете домашната работа.

korisni-soveti-od-ekspertite-za-fantasticen-seks-01.jpg

Ова се најдобри совети:

1. Експериментирајте

„Кога пробувате нешто ново, опуштете се и на момент навистина концентрирајте се. Пробајте и уверете се сами. Поминувајте повеќе време експериментирајќи во сексот и ќе се изненадите колку добро ќе се чувствувате. “ – вели Меган Флеминг.

2. Иницирајте секс

„Често се случува едниот партнер да има поголема желба за секс, за разлика од другиот, но со време станува непријатно постојано истиот да иницира секс. Ако се менувате во тоа, т.е. наизменично иницирате секс, двајцата ќе бидете порелаксирани и повеќе ќе уживате.“ – така ве советува секс терапевтот Мушуми Гус.

3.  Не го чекирајте сексот

„Од мое искуство со луѓе кои доаѓаат на советување, она што сфатив е дека многу парови се премногу уморни, под стрес и поради тоа сексот го сметаат како нешто што треба да го направат за да бидат попродуктивни. Всушност, сексот им е потребен на паровите за да се опуштат, да почувствуваат задоволство, но за тоа е потребно да се исклучите од секојднвните проблеми и обврски.“ – вели Сарa Купер.

4. Гледајте еротски филмови

Ијан Кернер вели дека во многу врски, гледањето филмови за возрасни претставува проблем. Меѓутоа, „Проблемот не е во филмовите за возрасни, туку во тоа што се гледаат во тајност. Заедничко гледање е начин да ја разбудите сексуалната желба.“ – вели тој.

5. Зборувајте за фетиши и фантазии

„Дискутирајте за тоа што ви се допаѓа во кревет, какви допири сакате, дали сакате да доминирате или да бидете доминирани. Разговорите за секс фантазии и фетиши е еден од начините да ја разбудите интимноста меѓу вас, а да не зборуваме и за возбудување и тензија.“ – објаснува Лорел Штајнберг.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава