Валкан разговор значи кој ќе ги измие садовите: Работи кои ќе ги разберат само паровите кои живеат заедно

Луѓето се чини заземаат две страни на прашањето како изгледа заедничкиот живот со партнерот - од една страна, сите велат дека ќе се соочите со бројни тешкотии, а од друга страна некои од заедничкото живеење прават лажна идила.

50-raboti-koi-vi-se-slucucaat-koga-kje-pocnete-da-ziveete-zaedno-01.jpg

Реалноста е дека се наоѓате некаде на средина, односно, дека заедничкото живеење ви дава „лонец“ во кој ќе можете да зберете бројни искуства - позитивни и негативни, тешки и лесни, забавни и здодевни, тажни и среќни...

Што навистина се случува кога ќе почнете да живеете заедно?

1. Сега веќе ќе знаете сосема нови работи едниот за другиот.

2. Заедничкото живеење ќе ве научи да се подржувате во личните и професионалните цели.

3. Ќе одредите неколку степени на чистота во домот.

4. Тука ќе биде нивото на чистота кое само вие двајца ќе си го гледате.

5. Исто така и нивото „пријателите ни доаѓаат на гости“.

6. На крај секако, ќе биде и нивото на чистота специјално за кога ќе ве посетат родителите.

7. Ќе бидете принудени да се соочите со разликите во карактерите.

8. Од проблемите нема да можете да избегате затоа што моментот кога ќе решите да си заминете ќе почнете и да се презирате еден со друг.

9. Ќе уживате во тишината, односно нема да имате потреба да барате тема за разговор, секојпат.

10. „Да не си го видел/а случајно паричникот?“

11. „А, клучевите?“

12. „Каде е гелот за туширање? Само што го купив.“

13. Ќе морате да станете поодговорни и да бидете поддршка за другиот.

14. Вие ќе бидете таа личност која ќе се грижи за другиот кога ќе биде болен или премногу пијан или разочаран.

15. Секој ќе мора да прави нешто по дома - додека едниот ја полни машината за перење на садови, другиот ќе мора да става облека за перење.

16. Едниот секако, ќе биде поодговорен од другиот.

17. „Искрено, грозен си.“

18. Ќе си имате свои места - вашето омилено кафуле, страната од каучот...

19. Ќе бидете принудени да зборувате за пари.

20. Ќе бидете принудени и да го делите буџетот

21. „Морам во тоалет... Кажи само колку ќе се задржиш морам да влегувам и јас за 15-на минути да се подготвам за работа.“

22. „Ја гледаше новата епизода без мене? Лажеш! Знам дека си ја гледал.“

23. Заедно планирате, па вашите пријатели на вас ќе почнат да гледаат како на еден човек.

24. Ќе морате да се координирате за времето на спиење.

25. Ќе имате секогаш на кого да се потпрете кога животот ќе ви биде како да ве погодил ураган.

26. Другата личност ќе биде онаа за која едвај ќе чекате да се вратите дома.

27. Нема да имате само секси разговори, туку и за тоа кој ќе треба да ги фрли отпадоците или да ги измие садовите.

28. Ќе си станете најблиски пријатели.

29. Ќе морате да научите да го сакате миленикот на другата личност, ако претходно не сте го преферирале.

30. Ќе имате тенденција да излегувате со други парови.

31. Ќе си криете грицки еден од друг.

32. „Целиот чипс го изеде?“

33. Заедно ќе пазарувате.

34. Ќе сакате и време сами да бидете малку.

35. Партнерот ќе стане личност покрај која секогаш ќе работите.

36. И пиете.

37. И вежбате.

38. Вашата врска ќе стане поинтимна.

39. Ќе почувствувате притисок од другите дека сега морате да преминете на следниот чекор во врската.

40. Но, ќе сфатите дека најважно е што вие сакате, а не другите.

41. Ќе морате да се научите на компромис.

42. Заедничкото време ќе ви стане навика.

43. „Може викендов сами да седиме дома?“

44. Ќе се почитувате повеќе од било кога.

45. Ќе го цените времето кое го поминувате заедно.

46. Готвењето за двајца е поразлично од готвењето за еден.

47. Знаете дека ќе треба да почнете да ја перете и диплите туѓата долна облека.

48. Ќе ви биде исто како да спиете покрај вклучена греалка.

49. Интимноста не мора да значи дека целосно ќе ви изчезне.

50. На крајот, спојувате две срца во едно и проверувате дали заедно функционираат. Понекогаш да. Понекогаш не.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава