Најнискиот пар во светот - пониски се од 90 сантиметри и живеат нормален живот

Пауло Габриел да Силва Барос и Катјучиа Хошино од Бразил е парот кој ја носи титулата „најнискиот пар во светот“.

najniskiot-par-vo-svetot-poniski-se-od-90-santimetri-i-ziveat-normalen-zivot-001.jpg

Двајцата се пониски од 90 сантиметри, односно Пауло е 88 сантиметри, а Катјучиа е 89 сантиметри висока.

Парот се надева дека ќе се најде во Гинисовата книга на рекорди.

Двајцата се познале преку социјални мрежи пред околу 10 години, односно четувале на МСН. Два месеци подоцна тој поминал 300 километри за да стигне до родниот град на Катјучиа за да се запознаат. По 4 години врска започнале да живеат заедно.

Пауло, 30 е роден со џуџест раст, додека Катјучиа е родена со ахондроплазија, исто така џуџест раст што влијае на растот на коските.

Сепак, и двајцата велат дека живеат среќен и нормален живот. Тој работи како приправник, додека неговата сопруга има свој салон за убавина.

najniskiot-par-vo-svetot-poniski-se-od-90-santimetri-i-ziveat-normalen-zivot-002.jpg

„Се правиме како сите останати, со тоа што имаме мали потешкотии со јавните места кои не се приспособени за наша висина. Пример, банкоматите се направени само за луѓе со нормална висина,“ вели Пауло.

Катјучиа пак, вели дека единствен проблем и се домаќинските обврски затоа што лавабото, шпоретот и машината за перење не се прилагодени за висина како нејзината.

najniskiot-par-vo-svetot-poniski-se-od-90-santimetri-i-ziveat-normalen-zivot-003.jpg

Сепак, и двајцата тврдат дека живеат прилично нормален живот, со исклучок на луѓето кои понекогаш им се смеат на улица.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава