Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 работи кои ќе ви се случат на првиот заеднички одмор со партнерот

Во секоја врска доаѓа моментот кога треба за првпат да одите заедно на одмор, а тоа со себе си носи и позитивни и негативни страни.

12-raboti-koi-kje-vi-se-slucat-na-prviot-odmor-kako-dvojka-01.jpg

Секако, негативните се тука за да нè научат нешто, но како и позитивните да нè зближат.

Неколку работи кои сигурно ќе ви се случат на одмор:

1. Ќе имате сериозна расправија пред поаѓање

Ако не пред само поаѓање, тогаш сигурно ќе се случи во некој период од одморот кога некој ќе биде во паника, а другиот ќе се обидува да остане смирен и ќе го нервира другиот кој паничи. Не се обидувајте да се борите против ова, едноставно мора да се случи, а со сигурност ќе ве зближи, ако постои цврста емоционална врска меѓу вас.

2. Во еден момент нема да сакате да бидете еден покрај друг

Вашиот рационален ум некаде ќе избега и повторно како средношколци ќе си бидете лути еден на друг и свртени со грбовите за да не се гледате. Но, и тоа ќе помине.

3. Ако возите автомобил, прашањата за тоа каде треба да се насочите ќе ги доведат расправиите до кулминација

Но, ако успеете да ги преживеете, тогаш вашата врска е вистинска.

4. Едниот ќе сака да направи буквално стотици верзии од едната иста фотка

А, секако, другиот ќе биде нервозен за тоа. Сепак, постои една фотографија со која ќе сакате да кажете на другите: „имаме сериозна врска, а доказ за тоа е заедничкиот одмор“

5. Ќе имате многу секс

Кратко кажано, многу. Едноставно погледот од хотелската соба ќе ве натера да заборавите на одговорностите и само ќе мислите на тоа како да ги задоволите страстите.

6. Еден од вас, барем еден ден ќе изгори од сонцето

И тоа ќе биде само уште еден знак за љубов, откако другиот ќе се грижи за оној кој изгорел.

7. Еден од вас, толку многу ќе изгори, што ќе заборави и на секс

Во еден момент може да ви се случи толку многу да изгорите што секој допир ќе биде како некој да фрла вжештена лава на вас.

8. Една вечер ќе се препуштите на шампањот и ќе бидете преморени за да имате секс

Едноставно ќе заспиете...

9. Наредното утро ќе се разбудите и извинувањето ќе заврши со секс

Кој ќе го комбинирате со нарачан појадок во кревет.

10. Некој ќе добие стомачни тегоби

Сигурно ќе сакате да пробате нешто ново на кое не ви е навикнат стомакот, а еден ќе заврши и со повраќање.

11. На крајот ќе ви стане здодевно

И тоа е сосема во ред.

12. Кога ќе се вратите дома ќе бидете поблиски

Најдобриот дел од одморот не е самиот одмор, туку фактот дека после сите случување ќе бидете далеку поблиски и ќе сфатите колку навистина се сакате.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg