8 знаци дека вие сте мажомразачката во вашето друштво

Некои жени веруваат во мала надмоќ и супериорност на сопствениот пол vs. спротивниот машки пол, и тоа е сосема во ред, но кога станувате премногу огорчени, ситуацијата е видлива и  алармантна.

8-znaci-deka-vie-ste-mazomrazackata-vo-vaseto-drustvo-1_copy.jpg

Чувствувате премногу омраза и гнев кон мажите? Во секое женско друштво вообичаено се издвојува минимум една која поседува една или неколку од следните карактеристики:

1. Ви се лоши од љубов

Другарката возбудено ви раскажува за новиот дечко, а вашите очи вртат како центрифуга или имитирате звуци на повраќање. Наместо да се радувате за нејзината среќа, вие ја предупредувате дека идиотот ќе ѝ го скрши срцето, а вие ќе останете да го средувате нередот.

2. Ги генерализирате мажите

„Сите мажи се исти!“ Од каде го знаете овој податок? Сте ги запознале СИТЕ мажи? Сте спиеле со СИТЕ мажи? Време е да престанете да ја употребувате оваа бесмислена реченица.

3. Ги исмејувате напорите на добрите момци

Стоите во дискотека, ви се приближува културно момче кое сака да разговара со вас, а вие почнувате да го исмејувате и да го понижувате. Му возвраќате со зајадливи и саркастични коментари, а подоцна се прашувате што не е во ред со мажите...

4. Давате најужасни љубовни совети

Вашите совети во принцип секогаш се сведуваат на едно исто: Откачи го идиотот и не гледај позади себе! Подобро ти е без него! Цврсто сте убедени дека не вреди никој да се заморува со пронаоѓање љубов, бидејќи исходот е секогаш ист – порано или подоцна доаѓа до раскинување и солзи. По некое време почнувате да се прашувате зошто другарката не ви се доверува како порано.

8-znaci-deka-vie-ste-mazomrazackata-vo-vaseto-drustvo-2.jpg

 5. Не можете да го заборавите минатото

Тоа е постојано со вас како некоја верна сенка, ве јаде како црв. Ги мразите сите поранешни дечковци и постојано си ги споменувате сите начини на коишто ве повредија. Кога запознавате некој нов дечко, неминовно го споредувате со сите претходни и му давате црвен картон уште пред да влезе во играта. Конечно, симнете го багажот од вашиот грб и оставете го на земја, бидејќи тешко се оди по патот со целиот товар на себе.

6. Тврдите дека сте среќни што сте сингл, но...

Кога некоја пријателка ви се нуди да ве запознае со некој дечко кој смета дека може да ви одговара, вие ѝ одговарате дека сте перфектно среќни сингл. Само што не звучите среќно, туку луто. Ја продолжувате дискусијата со објаснување како не ви се губи време по состаноци и се чудите како другите имаат нерви за такви глупости.

7. Прво ги забележувате мааните на луѓето

Најлесно е да се истакнат недостатоците кај луѓето, најтешко е да се забележат и пофалат позитивните карактеристики. Имате високи стандарди и апсолутно никој не ви е скроен по мерка. Заслепени сте од негативноста која полека ве труе.

8. Се возбудувате кога ќе излезе дека сте биле во право

Точно, се случува дечкото на вашата другарка да испадне губитник, токму онаков каков што сте го етикетирале вие. Тоа не значи дека првата реченица треба да ви биде: „Ти реков! Ти реков дека не е за тебе! Знаев!“ Ваквите мали „победи“ ви предизвикуваат возбуда и задоволство, но бидете сигурни дека се движите во погрешен правец.

Препознавте некоја другарка или можеби себеси?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава