Ако на вашата врска ѝ недостасува некој од овие 7 знаци, тогаш можеби и не е вистинската...

На почетокот секоја врска изгледа совршено и сите сме убедени дека конечно сме ја нашле нашата сродна душа.

Ako-na-vasta-vrska-i-nedostasuva-nekoj-od-slednite-7-znaci-mozebi-i-ne-e-vistinskata-01.jpg

Сепак, како што поминува времето, откриваме сè повеќе и повеќе работи за нашиот партнер или навлегуваме во некоја рутина која после извесно време веќе не нè исполнува и не нè прави среќни.

Токму затоа обрнете внимание на следните 7 знаци.

Ако повеќето од нив недостасуваат во врската која ја имате, можеби сепак личноста до вас и не е вашата сродна душа...

1. Авантура

Ако личноста до вас не е љубопитна и не сака да испробува нови работи во животот за кратко време може да ви стане досадна. Токму затоа, во вашиот живот ви е потребна личност со која секој нов ден ќе биде нова авантура, која ќе ви донесе насмевка на лицето и чувство на исполнетост.

2. Храброст

Ако на личноста до вас и недостасува некаков вид на храброст, како очекувате да се справи со сето она кое животот ќе го донесе? Зарем вие ќе бидете личноста која постојано ќе ве брани и двајцата од секоја ситуација?

3. Надеж

Надежта е најголемиот двигател кој ги води луѓето напред. Ако до вас имате личност која нема надежи и не верува во иднината, тогаш голем дел од времето ќе ви биде исполнето со негативни емоции кои еден ден и ќе ве натераат да си заминете од таквата личност.

4. Мир

Ако човекот кој е до вас не чувствува мир во себе, тогаш голема е веројатноста и вие да бидете многу често под притисок и вознемирени. Запомнете, за една врска вистински да функционира, мора да имате две личности кои се смирени и веруваат во себе.

5. Доверба

За една врска да успее потребно е безрезервно да верувате во личноста која ја имате покрај себе. Врската е како огледало - тоа што го давате, многу често се случува и да го видите од другата страна.

6. Оптимизам

Оптимистите се тие кои ве инспирираат да одите напред во животот дури и кога се наоѓате во тешки ситуации. Ако до себе имате личност која е спротивност на тоа, тогаш голема е веројатноста на крајот и вие да станете депресивни и песимистички настроени кон сè она кое ви го нуди животот.

7. Среќа

Ова е најважниот знак за тоа дали треба да продолжите да вложувате во една врска или не. Ако се чувствувате тажно и несреќно штом нештата започнале да стануваат сериозни, запрашајте се што ќе се случи кога ќе се појават навистина големи проблеми и стресови кои речиси секој човек ги доживува во животот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава