6 начини на кои кажуваме „те сакам“, но со други зборови

„Те сакам“ е нешто кое секој од нас сака да го чуе без оглед дали е во врска која трае 2 недели, 2 месеци или 2 години.

6-nacini-na-koi-kazuvame-te-sakam-no-so-drugi-zborovi-01

Овие две зборчиња носат огромна тежина и вредност за двете личности кои ја сочинуваат врската и сè е една од основите за таа врска да опстане.

Сепак понекогаш постојат и други начини да се искаже истото но со малку поинакви зборови.

Следните 6 фрази иако искажани со други зборови го имаат истото значење на зборовите „те сакам“:

1. „Те поддржувам“

Нашите партнери имаат неколку различни улоги во нашата врска, но ниту една од нив не е поважна од таа на поддржувач. Независно дали се подготвуваме за важната презентација на работа или се соочуваме со нешто ново и непознато, многу подобро се чувствуваме кога знаеме дека ја имаме поддршката од нјаважната личност на светот, нашиот партнер.

2. „Те ценам“

Пеглањето и средувањата на алиштата и фрлањето ѓубре се навистина важни. Во домот веќе постои непишан список на активности на секој од партнерите и ние секојдневно се држиме до тој список.

Во животот кој во голем дел е сведен на рутина многу е важно личноста која е до нас да ни покаже дека ги цени сите тие секојдневни работи кои ги правиме бидејќи всушност тие се многу поважни од букетот цвеќе кој се купува еднаш или двапати годишно.  

3. „Прекрасен/а си“

Независно дали ѝ кажувате колку е убава кога се буди со бушава коса наутро или едноставно го гушкате силно радувајќи се на секој момент поминат заедно, потсетувањето дека некој дека е прекрасен/а е нешто кое е навистина убаво да се чуе.

4. „Ти благодарам“

Не станува збор за благодарам за направена услуга или помош, туку благодарам што и покрај заклучените клучеви во кола, доцнењето еден час на работа, мастиката некако залепена на косата, истуреното кафе на омилената блуза, тој/таа е личноста која најмногу ја сакате на цел свет.

5. „Извини“

Нема поубав начин да му покажете на некого дека ви значи од искрено извинување за грешката која сте ја направиле. „Извини“ е многу повеќе од крај на расправија, тоа значи „сфаќам како се чувствуваш. Жалам што нè доведов во оваа ситуација и ќе направам сè да не се случи повторно“. 

6. „Се грижам за тебе“

Врските знаат да бидат тешки. Соочувајќи се со секојдневните проблеми и обврски често забораваме на важните работи. Кажувањето на вашиот партнер колку ви значи и дека ви значи е нешто што тој/таа секако дека го знае, но сепак убаво е кога одново и одново ќе го чуе.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава