Никогаш не ги прави овие работи за маж, дури и кога си лудо вљубена

Да, секој сака да биде сакан, да доживее љубов од спротивниот пол, но тоа не значи дека треба да заборавиме на сè друго само затоа што сме во врска или сме стапиле во брак.

nikogash-ne-gi-pravi-ovie-raboti-za-maz-duri-i-koga-si-ludo-vljubena-01.jpg

Овие работи никогаш не треба да ги правиш за маж, дури и кога си лудо вљубена:

1. Да ослабеш. Ако си одлучиле поздраво да јадеш или да вежбаш тоа треба да биде само твој избор и само заради твоето здравје, не за да бидеш попривлечна.

2. Да ги напуштиш долгогодишните пријатели. Ако не сака да комуницираш со поранешното момче тоа е разбирливо, но ако сака да го избришеш бројот од најдобарот пријател, тогаш претерува.

3. Да се откажеш од твоите соништа. Не мораш да одбираш меѓу кариерата и љубовниот живот. Ако некој те спречува да ги следиш твоите цели, не вреди да продолжиш со него.

4. Да правиш работи во сексот кои не ги сакаш. Не му допуштај да те натера да чувствуваш грижа на совест ако не правиш нешто што навистина не сакаш да го правиш.

5. Да си ги снижиш стандардите. Ако самс на себе си ветила дека никогаш нема да излегуваш со некој кој е зависник, тоа и не треба да го правиш...

6. Да се облекуваш поинаку. Ако сака жена која носи фустан, а ти не, тоа не значи дека треба да почнеш да носиш повеќе фустани само заради неговите желби.

7. Да му ги даваш парите кои сте ги заработила. Ако сака да седи дома и да се грижи за домаќинските работи,а ти да работиш тоа е во ред. Но, не сè да работиш сама.

8. Да си ја промениш фризурата. Ако сака русокоси, а ти си бринета, тоа не значи дека само затоа што тој сака русокоси, треба да станете и ти.

9. Да се правиш нешто што не си. Ако не сакаш да имаш исто хоби како и неговото тоа не значи дека треба да го практикуваш само за да ги задоволиш неговите желби.

10. Да му дозволиш да ги донесува сите одлуки. Одлуките треба да бидат донесени взаемно со компромис, не едната страна да владее.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава