Нема да се откажам од љубовта, без разлика колку пати ќе ми го скршат срцето!

Пријателките ме нарекуваат непоправлив романтичар и сонувач. Злобните позади грб ме викаат безнадежна и очајна.

Nema-da-se-otkazam-od-ljubovta-bez-razlika-kolku-pati-ke-mi-go-skrsat-srceto-01.jpg

И погодете што? Воопшто не ми е грижа!

Животот е еден и е мој и јас сум во потрага по љубов.

Не совршена, туку вистинска љубов. Безрезервна, искрена, љубов од која треперат колената, љубов која не подразбира шминка и лажна фасада, туку дебели џемпери и прегратки за стоплување додека надвор е минус 10.

Моите родители ме научија дека кога ќе паднеш, треба веднаш да станеш. Ако тоа важи за сите неправди во животот, зошто не би важело и за љубовта?

Зошто на работното место се издигаме од дното и ги возвраќаме ударите сакајќи да се докажеме, а во љубовта потонуваме?

Сите кажани клишеа во врска со љубовта, мене ми имаат логика. Тоа што не ме убива, ме прави посилна. Секако дека е така.

Никој не умрел од раскинување. Заслужувам вистинска љубов и не се откажувам од нејзиното наоѓање.

Љубовта е вредна за секој ризик којшто го вложувам. Во секоја врска во која гледам потенцијал вложувам време и емоции. Несебично се вложувам себеси.

И верувам, можеби со детска наивност, но чисто срце, дека еден ден мојот ризик и вложување ќе се исплати.

Не му дозволувам на минатото да ми ја дефинира иднината. Секој бил разочаран.

Скоро секој бил изневерен. Секој паднал во калта, но како што рекол еден паметен човек – некои од нас гледаат во ѕвездите.

Јас гледам во ѕвездите и понекогаш погледот ми се фаќа за ѕвезда што паѓа. Силно си замислувам желба. Да ја пронајдам љубовта или таа да ме пронајде мене.

На крајот од денот, никогаш нема да престанам да посакувам љубов. Никогаш, и покрај сите удари и разочарувања нема да се откажам од неа.

Нема да ги исклучам своите емоции, нема да се потценувам ниту преценувам. Никогаш нема да кажам – сите машки се исти. Бидејќи не се.

Силно верувам дека секој го добива она што го заслужува. А јас, со секоја клетка во своето тело заслужувам љубов.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава