11 работи со кои жените ги вртат мажите околу малиот прст

Сигурно познавате барем една девојка која се чини зрачи со некаков посебен сексапил, а мажите секогаш и пристапуваат а таа знае како да ги врти околу малиот прст без никаков труд.

Naukata-potvrdi-11-raboti-so-koi-zenite-givrtat-mazite-okolu-maliot-prst-01

Таквите девојки се свесни за своите адути и знаат како да ги искористат во своја полза.

Магазинот „Essence“, преку Твитер, направил испитување кое траело три години и вклучувало повеќе од 1000 мажи за тоа што им е најпривлечно кај жените.

Ова се нивните одговори:

1. Убави нозе

Иако порано се сметаше дека градите или задникот се она по кое се вратат мажите, истражувањето окажало дека убавите и затегнати нозе полека, но сигурно го освојуваат првото место на листата најубави женски атрибути.

2. Самодоверба

Една од најпривлечните карактеристики кај жените е самодовербата. Жената која знае што сака и не отстапува од своите принципи е вистински магнет за мажите.

3. Обувки

Ова е помалку зачудувачко, но мажите гледаат какви обувки носат жените. Ако сакате да бидете забележани облечете штикли и тргнете во освојување.

4. Парфем

Убавиот, секси женски парфем ќе го заинтригира секој маж.

5. Задник

Ова е нешто кое не изненадува. Затоа заборавете на несигурноста и облечете нето кое ги истакнува вашите облини, па и вашиот задник.

6. Вешта во кујна

Жената која добро се снаоѓа во кујна и знае да подготви вкусна вечера е онаа кој ќе успее да го привлече секој маж бидејќи нели правилото гласи „Љубовта доаѓа преку стомакот“.

7. Деколте

Треба да знаете какво деколте да изберете. Мажите не претпочитаат вулгарно и премногу нагласено деколте, туку нешто кое ви одговара на изгледот и секако е во согласност со приликата.

8. Авантуристички дух

Сакате да испробувате нови работи или да патувате во непознати краеви и не се грижите дали при планинарењето ќе ви се скрши некој нокт? Вие сте жена која сигурно привлекува голем број на мажи со авантуристички дух.

9. Грб

Еден од деловите кои им се возбудливи на мажите е и грбот, особено ако наред имате затворен фустан која открива мал дел од грбот и рамената.

10. Насмевка

Насмевката ги отвора сите врати, а среќната жена е и задоволна жена. Во светот на мажите тоа значи помалку приговарање и повеќе секс.

11. Тенок струк

Мажите целосно ги возбудува тенкиот струк кој дополнително ги нагласува колковите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава