Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во животот се вљубуваме трипати и секојпат со посебна причина

Се вели дека во животот се заљубуваме само во тројца луѓе, па и дека секоја од овие личност ни е потребна од различни причини.

vo-zivotot-se-vljubuvame-tripati-i-sekojpat-so-posebna-pricina-001.jpg

Често, првата љубов ни се случува кога сме млади, најчесто во средно. Тоа е онаа идеализирана љубов која нè потсетува на онаа од бајките кои сме ги читале како деца.

Влегуваме во неа со убедувањето дека ќе ни биде прва и последна и не е важно дали сме 100% сигурни дека тоа е тоа вистинското и дали можеби од време навреме треба да подголтнеме одредени ставови и мислења.

Зошто? Затоа што при овој тип на љубов далеку поважно ни е како другите гледаат на нас и како не перципираат, отколку како навистина се чувствуваме.

Љубов која ни се чини како вистинска...

Втората е онаа тешката - онаа која нè учи на лекции за тоа кои сме и колку често сакаме и ни треба да бидеме сакани. Ова е оној тип на љубов која боли, без разлика на лагите, болката или манипулациите.

Мислиме, технички убедени сме, дека правиме поразлични избори од оние кои сме ги правеле кога првпат сме биле вистински вљубени, но во реалноста, повторно правиме избори заради кои не созреваме или ќе ни треба време да созрееме.

Нашата втора љубов може да биде круг кој често го повторуваме затоа што, од некоја причина, убедени сме дека на крајот ќе завршиме со крај поинаков од претходниот. Сепак, колку и да се обидуваме, некако, повторно завршуваме на истото место, а понекогаш и полошо отколку сме мислеле.

Понекогаш ова е нездрава, небалансирана, па дури и нарцисоидна љубов. Може да има и емотивно, ментално, па дури и физичко малтретирање или манипулација. Драма која никогаш не завршува. Токму ова нè држи зависни од сценариото.

Како наркоман кој ужива во промените, во емоционалниот ролеркостер со ниски и високи екстреми и секако, највисоки очекувања.

Со овој тип на љубов, обидот да направите нешто да профункционира е далеку поважен отколку што би требало да биде.

Тоа е љубов која сме посакувале да биде онаа вистинската...

И тогаш, доаѓа онаа третата, тогаш кога воопшто не сме ја очекувале, ненајавена која сме убедени дека е погрешна затоа што ги руши сите наши претходни очекувања и идеали. Овој тип на љубов ни се чини како невозможна. Тип на љубов каде поврзаноста не може едноставно да се објасни, а ни тропнува на вратата тогаш кога најмалку сме очекувале.

Во овој тип на љубов се поврзуваме со другата личност на некое необјасниво ниво и едноставно сè совршено се спојува. Сме прифатиле кои сме и што сме, па и љубовта доаѓа природно.

Ова е оној тип на љубов кој повторно и повторно се враќа и тропнува на нашата врата, без разлика на тоа колку време ни треба да ѝ отвориме.

Љубов која ја чувствуваме како вистинска.

Дури и кога не сме подготвени за неа, како таа да е подготвена за нас.

Која прави да се чувствуваме како дома, која не доаѓа како невреме, туку како мир после бурната ноќ.

И да, можеби постои нешто посебно во нашата прва љубов и нешто срцекршачки уникатно во нашата втора љубов... но, исто така, има нешто многу неверојатно и во нашата трета љубов.

Онаа која никогаш не гледаме дека доаѓа.

Онаа која всушност трае.

Онаа која ни покажува зошто претходно не можела да успее љубовта.

„Најде делови од мене кои никогаш претходно не знаев дека постоеле и во тебе најдов љубов која никогаш не верував дека е реална“ - непознато лице...

Н. Г. | Извор

Би можело да ве интересира:

„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од... „Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мис...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg