10 тајни за одржување на долготрајна врска

Сè во животот мора да се негува. Сè си има своја причина и последица. Така е и со љубовта.

10-tajni-za-odrzuvanje-na-sovrshena-dolgotrajna-vrska-01.jpg

Не можеме да чекаме сама да се промени, ако сакаме да ја подобриме, негуваме и одржуваме врската, мора сами да се трудиме.

Неколку тајни заради кои ќе уживате во долготрајна врска, полна со љубов:

1. Постојано враќајте се на среќните моменти од минатото

Како поминуваат деновите и месеците, така сè повеќе стануваме помалку способни да простиме одредени работи. Емоциите кои изобилуваат на почетокот, понатаму се намалуваат во врската. Затоа, многу е важно одново и одново да се присетувате на убавите моменти уште од почетокот на врската.

2. Не заборавајте да ги изразите желбите

Колку подолго сме во врска, толку повеќе чекаме партнерот сам да ги открие дури и најбледите желби, но другата страна не може да реагира, ако сами, гласно не ги изразиме работите кои најмногу ги посакуваме во врската.

3. Не прашувајте: „Како ти помина денот?“

Најздодевните прашања не ве носат поблиску еден до друг, напротив. Обидете се да смислите други прашања на пример: „Ти се случи нешто интересно на работа?“

4. Станете експерти еден за друг

Што точно знаете за работите кои ги сака другата личност? Кои вкусови ѝ се омилени, што преферира? Какви хобија има? Не се двоумете секогаш да поставувате прашања и подобро да ја запознавате личноста со која сте во врска.

5. Бидете секси

Никогаш не заборавајте да ги практикувате работите кои делувале привлечно на саканата личност. Исто така, важно е да ги споделувате и личните барања и да разговарате што од тоа може да го примените и во кревет.

6. Бидете креативни при излегувањата и состаноците

Не се држете до едните исти здодевни работи како само седење дома и гледање филмови. Одвреме-навреме добро е да пробате и нешто ново.

7. Заборавете на проблемите од надвор

Стресот од работа и начинот на кој живееме денес во модерното општество, може да ја уништат и најсреќната врска. Затоа, важно е да заборавите барем за кратко на проблемите и да најдете сила сами да се соочувате со истите, без нервозата да ја пренесувате на партнерот и истурате на него.

8. Научете да премолчите

Понекогаш ви оди да се развикате и да кажете и што мислите и што не мислите, а подоцна за тоа да зажалите. Научете да премолчите тогаш кога тоа ви е најмногу потребно.

9. Покажете ги вашите искрени емоции

Не се обидувајте да криете што ви лежи на душа, во партнерот треба да имате потполна доверба и сите карти да ви бидат отворени на маса.

10. Извинете се од сè срце

Кога знаете дека сте погрешиле, извинете се. Нема ништо страшно во тоа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава