Партнерот нема секогаш да ви биде привлечен: 20 сурови вистини за врските

Сите парови сонуваат за идеална врска без проблеми и совршено среќно семејство.

20-surovi-no-vistiniti-fakti-za-vrskite-01.jpg

Но, понекогаш се случуваат некои комплицирани работи кои не се совпаѓаат со нашите очекувања. А тие, многу често водат до падови и неуспех, дури и во врските со најсилни чувства.

Прочитајте ги следните вистини за врските, кои ќе ви помогнат да гледате пореално на нив и полесно да ги прифатите:

1. Вашиот партнер нема да ви се допаѓа цело време.

2. И нема вечно да ви биде привлечен.

3. Ќе се изненадите од тоа што некогаш ќе сретнете некој подобар од вашиот партнер.

4. Понекогаш ќе бидете многу осамени.

5. Вашето срце ќе се отвара и затвора.

6. Чувствата на привлечност и непривлечност ќе се ротираат.

7. Вашиот сексуален живот понекогаш ќе биде комплициран - подгответе се за тоа.

8. Вистинската љубов ја вклучува способноста да се комбинира неспојливото.

9. Вистинската љубов е неразделна од стравот.

10. Колку е поголема љубовта, толку е поголем стравот.

11. Од конфликтите не може да избегате.

12. Ќе си „истурате“ нервоза еден на друг и ќе си кажувате зборови кои не ги мислите.

13. Некогаш нема да ја оправдате довербата на партнерот.

14. Минатото ќе се одразува на вашата врска.

15. Ќе ја видите темната страна на бракот, што не сте ја знаеле дотогаш.

16. Кога ќе имате деца, ќе мора да се жртвувате и да издржите сè.

17. Мора да пораснете и да созреете. Вашите одлуки нема да влијаат само на вас, туку и на вашата врска.

18. Некогаш ќе мора да ја проголтате гордоста и да се извините.

19. Ќе ви недостасува уште едно свадбено патување (ако веќе сте имале едно).

20. Ќе остарете заедно. Брчките и лузните ќе бидат извор на радост и доказ дека сте издржале долг заеднички живот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава