6 неромантични, но реални знаци дека сте пронашле вистинска љубов

Реалната љубов не е како онаа во филмовите. Во вистинскиот живот не се будите со совршена коса и шминка наутро и не ви паѓа на памет да се бакнете додека не си ги измиете забите. Не постои совршен секс, ниту пак романтичен појадок во кревет секое утро.

6-neromanticni-no-realni-znaci-deka-ste-pronasle-vistinska-ljubov-01.jpg

Затоа пак има оправдани и неоправдани караници, бушава коса, настинки, гушкање додека истовремено кивате... и сетоа тоа ја прави љубовта магична, бидејќи е реална, без налицкани фасади и маски.

Ова се 6 неромантични знаци кои ја илустрираат вашата вистинска љубов со партнерот:

Се случува да испуштите гасови еден пред друг...

... и се преживува. Секако, ненамерно, иако понекогаш го правите и намерно, само за да се насмеете еден со друг. Но, поентата е дека сте комфорни еден пред друг и дека сте луѓе, не некоја совршена верзија која луѓето вообичаено сакаат да ја продадат пред другите.

Секако, без претерување, не ве охрабруваме на овој чекор. Но, дури и кога ненамерно се случува добро е да се знае дека никој не ве осудува заради тоа, што само докажува дека врската е вистинска.

Заедно сте и во непријатните моменти

Најлесно е да бидеш покрај некого кога се случува нешто убаво. Но, да бидеш покрај партнерот давајќи се несебично кога тој е болен, или кога тој те носи на твојот редовен преглед на заболекар... кога го пропушта излегувањето бидејќи си настината и ти вари чај и супи или додека го масираш бидејќи си го свиткал коленото.

Моментот кога му правиш друштво на забавата, иако не познаваш никого од неговите колеги. Вистинската љубов подразбира да си секогаш покрај партнерот, и во доброто и во лошото.

Караниците ви се конструктивни

Тоа значи дека го разбирате концептот на аргументирање и чекате едниот да заврши со излагањето. Не му се плеткате во зборовите, не ве збунува и не се манипулирате еден со друг. Барате заедничко решение, а во меѓувреме не се инаетите како малите деца, незборувајќи со недели. И најважно од сé – караниците никогаш, апсолутно никогаш не преминуваат во физички пресметки.

Се сакате и кога не е возбудливо

Почетната вљубеност не трае предолго и не се провлекува во текот на целата врска или брак. Има периоди кога не ви е дојдено до романтика и проблемите и стресот надвладуваат. Реалноста се сметки, обврски, работа.

Но, без оглед на период низ кој поминувате, вистинската љубов никогаш нема да пресуши. Таа е тука, постојано присутна во каква и да е форма. Фактот дека имате некој покрај вас кој ве сака дури и кога не ви е дојдено до ништо е смирувачки и триумфален.

Живеењето под ист покрив делува природно

Некои парови имаат константна тешкотија да се снајдат под ист покрив. Но, други го прават тоа како цел живот да живееле заедно. Секој си има и свое мало катче каде што може да помине некое време сам.

Бидејќи да се живее под ист покрив не значи да се биде врзан еден со друг како со фластер. Воедно, секој треба да си ги знае обврските и на каков било начин да помага во домот, затоа што така најдобро се одржува мирот и хармонијата.

Не се чувствувате загрозени поради успехот на партнерот

Напротив, го охрабрувате. Му давате поддршка, се гордеете со него и обратно. Вистинската љубов е лишена од љубомора и суета. Партнерот кој не ви дозволува да блескате и не го прославува успехот со вас искрено и од срце, едноставно не е вистинскиот за вас.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg